ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе набавува кинески вакцини, денес нови 444 заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Јануари, 2021
ЗЕМЈАВА ЌЕ НАБАВУВА КИНЕСКИ ВАКЦИНИ
Земјава преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини. Се чекаат детали во однос на цената и испораката.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема сомеж во квалитетот на овие вакцини, кои вече беа најавени од премиерот како една од опциите.
„Премиерот ја најави како една од опциите. Разговаравме со преставници на кинеската амбасада и уште пред некое време стапивме во контакт, кои што ни ги дадоа токму од кинеската амбасада. Сега чекаме детали во однос на договорот во однос на цената, во однос на испораката и верувам дека до крајот на оваа недела сите детали ќе ги имаме“, изјави синоќа во емисијата „360“, министерот за здравство, Венко Филипче за информацијата дека нашата земја е заинтересирана за купување на кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.ДЕНЕС НОВИ 444 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-209, Куманово-26, Тетово-13, Прилеп-5, Гостивар-12, Штип-8, Битола-8, Велес-26, Охрид-26, Струмица-8, Кавадарци-32, Струга-11, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Ресен-1, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Делчево-16, Пробиштип-3, Виница-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-3, Демир Капија-6 и Пехчево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти од: Скопје-497, Куманово-21, Тетово-49, Прилеп-30, Гостивар-14, Штип-8, Битола-6, Велес-10, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-47, Струга-5, Кочани-4, Кичево-11, Свети Николе-6, Гевгелија-3, Неготино-21, Дебар-20, Ресен-4, Крива Паланка-15, Радовиш-2, Берово-12, Делчево-39, Пробиштип-4, Виница-4, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-2, Крушево-3, Македонска Каменица-16, Демир Капија-8, Пехчево-3, Дојран-1.
Починати се 21 лице, два пациенти од Скопје (87 и 65г), еден од Куманово (75г), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73г), еден од Прилеп (84г), еден пациент од Штип (78г), еден од Охрид (69г), два пациенти од Кавадарци (64 и 59г), еден пациент од Кочани (71г) и еден од Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.ЌЕ СЕ ПОПИШУВААТ БЕЗДОМНИЦИ И ЛУЃЕ БЕЗ ДОКУМЕНТИ
Министерството за труд и социјална политика и Заводот за статистика ќе соработуваат во делот на попишување на бездомните лица и на лицата без документи.
Законот за попис е веќе изгласан, а истиот треба да се спроведе до 21 април. Заводот за статистика ќе биде организатор на статистичката операција, додека бездомниците и лицата без документи се под надлежност на МТСП.
За таа цел денеска е остварена средба помеѓу министерката Јагода Шахпаска и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.
Министерството ќе треба да ги идентификува оние без документи, додека бездомните лица треба да бидат лоцирани и евидентирани од центрите за социјални работи.ДРАМА СЕ СЛУЧУВАЛА НА ПОПОВА ШАПКА
Вистинска драма се случувала вчера на Попова Шапка.
Имено, едно семејство со две малолетни деца било буквално отсечено во својата викендичка, во која веќе снемачло и струја, а снемувале и резрви со храна и греење.
Потоа, полицијата заедно со општинските служби, ангажирале потребна механизација и ги евакуирале лицата, по што тие си заминале кон Скопје.
„Вчера (25.01.2021) во 12 часот и 40 минути, Б.А.(35) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека поради големи снежни навеви, бил отсечен пристапот до неговата викендичка на Попова Шапка, во која се наоѓале и сопругата и двете малолетни деца и дека поради тоа тие не се во можност да излезат надвор и да заминат кон Скопје. Б.А., исто така, кажал дека во викендичката немаат електрична енергија и дека веќе немаат резерви од храна и огрев.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.