06 Декември, 2025
0.0615

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Април, 2021 19:25

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА ЌЕ НАБАВУВА ВАКЦИНИ ОД „ТОРЛАК“ 

Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска во Белград имаше средба со неговиот српски колега Златибор Лончар изјави дека договориле Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија за набавка на вакцините против корона вирусот.

-Договоривме Институтот за вирусологија „Торлак“, во периодот што е пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми, потенцира Филипче.

Истовремено Филипче изрази благодарност за досегашната соработка со Србија во однос на вакцините, односно донациите од страна на Србија за нашава земја. Посебно се заблагодари на министерот Лончар, на српската премиерка Ана Брнабиќ и посебно на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА, МОЖЕ И ДА СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО СРБИЈА

Министрите за здравство на Македонија и на Србија, Венко Филипче и Златибор Лончар кои денеска имаа состанок во Белград оценија дека имаа успешна средба откако договорија соработка во однос на неколку теми. Лончар истакна дека комуницираат и на неделно и на месечно ниво, особено поради фактот што корона вирусот не знае за граници.

-Ја анализиравме ситуацијата, говоревме за тоа кои мерки даваат резултати, кои не даваат резултати и секако разговаравме за неизбежната тема, а тоа е вакцинацијата, нејзино забрзување и се она што е потребно да го спречиме ширењето и новите мутации на вирусот. Дури и сега додека ртазговараме, некои од граѓаните на Македонија се вакцинираат во Србија. Разговаравме и за сите оние граѓани на Македонија кои имаат некоја причина да работат овде, имаат фирма, да им излегиваме пресрет. 

СРБИТЕ ДВА МЕСЕЦИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАТАРИНА ВО ЗЕМЈАВА

Српските граѓани два месеци летово нема да плаќаат патарини низ Македонија. Ова ќе важи од 15 јуни до 15 август. 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска е во официјална посета на Србија каде изјави дека сите српски граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија. Филипче рече дека благодарение на таа донација, Македонија била во можност да започне со имунизацијата. Тој се заблагодарил и за чинот на отворање на вратите за македонските граѓани за вакцинирање во српските центри.

НОВИ 766 СЛУЧАИ НА КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЏАФЕРИ И ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ДОЈДОА ВО СОБРАНИЕТО ВО СКАФАНДЕРИ

Пратениците од Левица во Парламентот поднеле денеска до Државниот санитарен и здравствен инспекторат известување за прекршување на мерката строга изолација (карантин), како и кривична пријава до Основното јавно обвинителство - Скопје против пратениците Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски од Скопје, како и против претседателот на Собранието - Талат Џафери.

Тројцата ги теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Светиниколската компанија за битумен и хидроизолација веројатно е најдобитната компанија за 2020 година од аспект на дивиденден принос. При крај на мај акционерите ќе гласаат за поделба на нето дивиденда од 1.650 денари за акција што е за 50 отсто повеќе од приносот што го земаа лани!!!

Изминатиов период многу лекари потенцираа дека имунитетот е најважен во борбата со коронавирусот, но тој не се создава преку ноќ, туку граѓаните треба да го променат својот начин на живот.

Веројатно уште кога „бродот почна да се ниша“, екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, уште во декември лани почнал да го префрла целиот свој имот на име на малолетните деца.

Неповратна помош од 30 отсто на пресметаниот пад на приходите во април додека угостителите се затворени е една од мерките кои ќе биде соопштена денеска како дел од нов пакет економски мерки кои ќе се однесува на секторите кои не фунционираа поради последните рестрикции.

Тешко е да се посочи во  прецизен износ, поради поголемата застапеност на дознаки во готовина, за тоа колку пари испратиле и внеле во Македонија нашинците кои работат во странство, но може да се заклучи дека поради кризата предизвикана од пандемијата повеќе испраќале преку формалните канали, а помалку самите ги донеле во 2020. Тоа е и за очекување со оглед на затворањето на границите и намалениот физички сообраќај.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија