ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија му оддава почит на великанот Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022 21:26
МАКЕДОНИЈА МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Гоце Делчев беше лидер на идејата за независна македонска држава којашто ја споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат и денес наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод 119 годишнината од смртта на македонскиот револуционер.Гоце Делчев припаѓа на македонскиот народ и поврзан е со нашиот генетски код, вели историчарот Митко Панов.
Тој додава дека е тешко да се дефинира Гоце Делчев.
„Тој е вечно неоткриениот за Македонците. Блаже Конески за него рекол дека „тој извира низ интимната ткаеност на македонскиот човек“. Кога ќе ги споредиме неговите поеми, ќе го видиме историскиот континуитет. Како што вели Конески, Делчев е македонскиот син, син на сите, кој што станува легенда. Народот го опевал во песните. Тоа е генерациски завет за сите идни поколенија“, рече Панов во Дневникот на ТВ Сител по повод 119 години од смртта на најголемиот македонски револуционер.РАЗГОВОРИТЕ НА СОНК И МОН ПРОДОЛЖУВААТ
Заврши денешната рунда преговори на СОНК со МОН, а за в петок се очекуваат конкретни одговори.
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков, соопшти дека завршила денешната рунда преговори со Министетрството за образование и наука под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат в петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози.
„Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни“, објави Неделков на Фејсбук.РУСКИТЕ СИЛИ ГО ГРАНАТИРАА ЛАВОВ
Денеска е 70-ти ден од војната во Украина.
Украинците ги турнаа руските сили на 40 километри источно од Харков
Украинските сили ги потиснаа руските војници на околу 40 километри источно од Харков, објави Институтот за проучување на војната во својот најнов извештај. Воздушен напад врз Лавов, делови од градот без електрична енергијаНајновото истражување на норвешката веб-страница Е24 открива дека 45 македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, во вртедност од 14 милиони евра. Истражувањето кое се базира на „протечени“ содрежи документи во кои е наведен бројот на сопствениците на луксузни вили, станови и фирми во Дубаи.
Од соседството, како што се наведува во истражувањето, помалку од пет државјани на Косово имаат „помалку од пет имоти“, во вредност од еден милион евра. Во вкупна вредност пак од седум милиони долари, 17 државјани на Албанија поседуваат вкупно 19 имоти. Најмногу имоти во Дубаи, од регионот има Србија, вкупно 287 кои се во сопственост на 237 луѓе, а нивната вредност е 74 милиони евра.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




