ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија влезе во НАТО, за Шекеринска денот ќе остане во историјата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Март, 2020
МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ВЛЕЗЕ ВО НАТО
Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето по повод формалното зачленување на земјава во НАТO, изјави дека денешниот датум – 27 март е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историја.
Вели дека тоа ќе биде датум на првиот голем успех на нашата независна и суверена држава.
„Таму ќе пишува дека на 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО – Алијансата. Со денешниот финален чин на депонирање на Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот во Вашингтон, станавме полноправна, официјална, 30. земја – членка на најмоќниот воено политички сојуз на денешнината. Влеговме под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе во светот. Денешниов ден го чекавме речиси 30 години. Нека ни е честито!“– рече Шекеринска.
Таа рече дека нашата битка е влез во НАТО и ЕУ.
Додаде дека скоро 30 години го чекавме овој ден.Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнс во МНР го означија последниот чин од формализирањето на нашето членство во НАТО кое се случи во Вашингтон.
Димитров рече дека им оддава признание на сите кои беа вклучени во процесот.
Министерот рече дека во овој момент стануваме 30-та членка на НАТО.
„Од денес ги имаме САД и уште 28 земји членки како сојузник“, вели Димитров.И ДЕНЕС НОВИ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека има нови заразени во земјава, со што вкупниот број сега е 219.
Филипче вели дека досега се направени 1.800 тестови. Ова е од почетокот на процесот на тестирање досега.
„Нема потреба сами да одат граѓаните, тие можат ако им е препишана таа мерка да го контактираат локалниот епидемиолог“, вели министерот за тестирањето.
Тој рече дека болницата во Дебар работи со помал капацитет, затоа што нема наплив на нови случаи.Во Македонија до Ковид 19 се заразени три деца, од кои две се со родителите на домашно лекување, и едно на Инфективна.
Најстарото е момче на возраст од 15 години.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Правната промена во делот на одржување на годишните собранија на акционери за време на вонредната состојба, со сите импликации што од тоа ќе произлезат за работењето на акционерските друштва, секако ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност на берзата, велат од Македонска берза за Фактор.
Една ноќ пред да летаат назад во Македонија дел од Македонците кои во земјава со хуманитарен лет треба денеска до пладне да се вратат од Германија немаа информација дали воопшто ќе си дојдат дома.
Познатиот српски режисер Борис Малагурски за Фактор вели дека земјите од регионот не го сфатија сериозно ширењето на коронавирусот, опасноста од него, и не знае кога оваа криза ќе заврши.
Сметките на граѓаните за струја за март, април и мај ќе се плаќаат на рати. Регулаторната комисија за енергетика, во соработка со енергетските компании, веќе прави анализи и бара начин како да им овозможи на граѓаните овие сметки да ги плаќаат на период од повеќе месеци.
Ова за Фактор го потврди првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.