ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонските политичари ги осудија инцидентите на Деве Баир и каменувањето на македонскиот клуб, во Бугарија повици за вето

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023
ОСУДА ЗА НЕМИЛИТЕ НАСТАНИ НА ГРАНИЦА И ВО БЛАГОЕВГРАД
Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир.
Ќе испратат писмо до ЕП за навредите на бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој Македонците ги нарече „црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“.Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на „Македонскиот клуб Никола Јoнков Вапцаров“ во Благоевград, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски.
ПОВИЦИ ЗА ВЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА
Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев очекува ново вето од Бугарија за Македонија.
Тој е протеран од Македонија и вчера не успеа да стигне на гробот на херојот Гоце Делчев. Се жали дека на студено време морале да чекаат на граница, имало долга колона.
„Околу пет-шест часа имаше огромна колона Бугари кои сакаа да го почитуваат споменот на Гоце Делчев. Тоа намерно го направија македонските власти“, рече Георгиев.Полиција во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите мерки во врска со заканите и омаловажувањата на претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, пренесува Канал 5.
Тој синоќа на Фејсбук нудеше 200 евра за тој што ќе му каже име и презиме за еден од македонските полицајци на граничниот премин „Деве Баир“.Време е Софија и Скопје да се вратат на попозитивни работи, вели поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.
Кажа дека мора да се отворат темите за инфраструктурата и економијата.СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ
Сите патишта кон Копаоник вчера биле непроодни поради паднати дрвја и големи снежни наноси, пишуваат српските медиуми. Taму температурите паднаа 15 степени под нулата. Според српските медиуми, има 100 сантиметри снег. Одложено е отворањето на најдолгата стаза.
Невреме има и во Хрватска и Грција. Во Хрватска еден човек загина.
Можеби ќе ве интересира
РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАНА СО ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Девојчето после половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е
ДНО: НЕКУЛТУРЕН И НЕДОЗВОЛИВ ГОВОР - професорката Павловска-Данева со жестока реакција за Ковачки

И БЕКТЕШИ Е ПО СПОРТОТ, ПОРАНО ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА - премиерот со пошегува со спортските активности на ДУИ

НЕКОИ ПОЗДРАВУВА, АМА НЕКОИ НЕ ГО ШТЕДЕА - дали се доволни два денари поевтини макарони и денар за јајца, премиерот трпеливо одговараше

ОД ВАШАТА ЛАГА ГИ ИМАВ ПРОБЛЕМИТЕ, А И ЗА ВТОРАВА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД - Петровска му одговори на Ковачки

Обвинителството отвори предмет за надзорот на новите автопати
