ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски е подготвен за разговор со бугарската влада, но нема да отстапи од црвените линии
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2025 22:23
МИЦКОСКИ Е СПРЕМЕН ДА РАЗГОВАРА СО БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е подготвен да разговара со бугарските власти, но ставот на Владата е познат, како и црвените линии.
„Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно никој да очекува дека оваа Влада, додека јас сум премиер, одеднаш ќе каже дека она што досега го кажавме не е валидно, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем додека сум јас премиер. Ако дојде некој друг, нека се залага за поинаква политика“, одговори Мицкоски.ПРОМЕНИ ВО СДСМ
Александар Трајановски кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Венко Филипче.
Филипче денеска предлогот ќе го соопшти на седница на Извршниот однор на партијата закажана за 18 часот. Предлагот Трајановски да биде нов потпретседател на СДСМ треба да помине и пред членовите на Централниот комитет, но засега седница на ова највисоко тело на опозициската партија не е закажана.БЛЕРИМ БЕЏЕТИ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Откако денес беше поднесена кривична пријава за неколкумина вработени во општина Сарај и Град Скопје, меѓу кои е и поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, се огласи тој со реакција на социјалните мрежи.
„Не мислете дека со овие „операции“, политички конструкции, фабрикувани пријави или обиди за уценување можете да ме вратите назад, да ме исплашите или да ме натерате да отстапам од моите политички ставови.
ХАКИМ РАМАДАНИ ВЕЛИ ДЕКА ДОБИЛ ПИСМООткако премиерот Христијан Мицкоски го разреши Хаким Рамадани од функција, заради заминување во странство со кандидат на ДУИ да бараат гласачи-иселеници за локалните избори во Брвеница, денес тој обвинува дека му се закануваат.
„Ме разрешија без да ме прашаат, Изеет Меџити ме назначи на оваа функција!“
Писмо до оние што мислат дека стравот ги држи луѓето под контрола!
Денес ми испратија едно „милозвучно“ писмо, кое во суштина е заканувачко.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Од недела, сите возачи во Македонија се должни да ја поседуваат пропишаната зимска опрема за своите возила, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, потсетува Министерството за внатрешни работи.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Можеби ќе ве интересира
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца




