10 Декември, 2025
0.0952

„КАКВИ ДОМАЌИНИ СЕ ОПШТИНИТЕ?“: еве на кои наплатата на даноците им е јака, а на кои слаба страна

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2025 07:51

Добивај вести на Viber

Подобра наплатата на данокот на имот преку дигитализација на катастарските евиденции, редовно ажурирање на базите и ефикасни системи за електронска наплата. Поедноставување на процесот на наплата на даноците на имот, но и едукација и информирање на граѓаните за значењето на данокот на имот за финансирање на локалните услуги. Ова се дел од препораките на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во истражување на работата на општините. Укажуваат дека во текот на 2024 година извршувањето на приходните категории на општините покажуваат мешани резултати.

-  Значителен број од ЕЛС ја надминале проектираната наплата на даноци, при што Општина Дебрца има највисока стапка на реализација од 170 отсто. Од друга страна, Општините Новаци (50%), Желино (52%) и Арачиново (49%) имаат значителна пониска реализација на даночните приходи – се посочува во анализата.

Од Фајненс тинк посочуваат дека трансферите од централна власт учествуваат со 66 процентиво вкупниот буџет на единиците на локална самоуправа, а сопствените приходи со 34 отсто, и оваа структура е непроменета во последните години.

Истражувањето покажало дека  има разлики меѓу општините, и во начините на собирање на средства, и во намерата да се соберат средства, но и во реализацијата, или самото собирање на даноците.

-  Има општини кои демонстрираат силен напор за мобилизација на сопствени приходи, особено кај данокот на имот, но поради тесна даночна база и ограничена економска активност, уделот на овие приходи во вкупната приходна структура останува релативно низок. На крајните позиции се издвојуваат, од една страна, фискално робустни општини, со висок степен на извршување на приходите, висока стапка на реализација на сопствени даночни приходи и значаен удел на данокот на имот во вкупната приходна структура. Од друга страна, постојат општини со фискални системски слабости, кои бележат ниско извршување и на вкупните и на сопствените приходи, што укажува на ограничен простор за самостојно финансирање на локалните надлежности- се потенцира во анализата.

Врз база на овие критериуми општините се поделени во 5 категории, а во првата се општини со натпросечна реализација на вкупни приходи (87,5%), висока реализација на данок на имот (поголема од 90%) и значителен и натпросечен удел на данокот на имот во вкупните приходи (поголем од 6%).

-  Тоа укажува на добро развиен приходен капацитет и ефективна наплата на сопствените извори. Тие се пример за општини со силна фискална самостојност и одржливост на приходната база. Такви се Охрид (134% реализација на данок на имот, 18% удел во приходите), Илинден и Карпош (со удел од 17%), како и Центар (14%) – потенцираат аналитичарите.

Во втората категорија се општини со висока реализација на вкупни и сопствени приходи, но ограничена даночна база.Тука се вклучени општини со висок административен капацитет, со висока натпросечна реализација на вкупни приходи и висока реализација на данок на имот, но со низок удел на данокот на имот во вкупната приходна структура. Тоа се помали општини, каде и покрај напорот за наплата, даночната база е тесна и зависноста од трансфери е висока. Тука се Босилево, Валандово и Градско, кај кои учеството на данокот на имот е под 5 проценти.

Во третата категорија се општини со потпросечна реализација на вкупните приходи, но силен напор за наплата на сопствени приходи (данок на имот), кој зазема повисок удел во нивната приходна структура. На пример, Битола има удел на данок на имот од 10 отсто, Кисела Вода 13проценти, а Штип и Аеродром 11 отсто. Ова укажувана фискална дисциплина и спремност за мобилизација на локални ресурси. Но, имаат внатрешни слабости во капацитетите за планирање и реализација на вкупните приходи.

Во четвртата категорија се општини со висока зависност од трансфери, иако имаат висока реализација на вкупни приходи, овие општини имаат ниска реализација на сопствени даночни приходи, што покажува ограничен приходен капацитет и силна фискална зависност од централниот буџет. Примери се Вевчани (со учество на данокот на имот од 3% во вкупните приходи), Долнени (1%) и Центар Жупа (1%). Нивната фискална стабилност е условена од трансфери од централниот буџет, што укажува на ограничен приходен капацитет и намалена самостојност.

-  Во последанта категорија се фискално најслаби општини, кои имаат ниска реализација и на вкупните и на сопствените приходи, со ниско учество на данокот на имот. Такви примери се Арачиново (со учество на данокот на имот од 2% во вкупните приходи), Старо Нагоричане (3%) и Могила (2%). Ниските показатели упатуваат на ограничен административен и економски капацитет, што јазагрозува нивната способност за автономно финансирање и ја намалува долгорочната фискална одржливост– заклучуваат од Фајненс тинк.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат