18 Декември, 2025
0.0549

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски ја поднесе инцијативата со референдумското прашање, а Османи вели нема ништо спорно во вработувањето на Бесмира Ејупи

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2022 21:08

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ ДО ДИК ЈА ПОДНЕСЕ ИНЦИЈАТИВАТА СО РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, до Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на Македонија и Бугарија објавен во СБ 12/2018 од 18.01.2018“.

„Ги повикувам сите политички партии, без разлика на етничка припадност, или оние што се партиски неопределени, сите општествени чинители, невладини организиции да се обединат семакедонски и да застанат против главниот проблем на нашата европска интеграција. Кога ќе се одржува овој референдум, ги повикувам граѓаните да гласаат „за“ престанок на овој Закон“, рече Мицкоски пред медиумите.

ОСМАНИ ОБЈАСНИ КАКО БЕСМИРА ЕЈУПИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО МНР

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска потврди дека водителката Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи (МНР).  Османи вели дека таа не е кандидат за конзул. 

Тој призна дека од Министерството за политички систем се преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи ја и тв-презентерката Ејупи.

„Точна е информацијата, но Ејупи е поставена на позиција соработник во протокол и тоа е почетна позиција во МВР. За да бидете назначени на таква позиција воопшто не ви ни треба си-ви. Такво нешто ви е потребно доколку напредувате од почетната позиција. Во моментов имаме оглас за 16 нови соработници, па кој сака да работи во дипломатијата може слободно да се пријави“, рече Османи. 

АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА

Актерката Силвија Стојановска денеска доби ослободителна пресуда. По првичното судење во кое Стојановска доби 3,6 години затвор, сега на барање на Апелација, Кривичниот суд донесе осолободителна пресуда за делото за кое ја товареа, шверц на кокаин. 

Адвокатот на Стојановска, Димитар Савовски за медиумите потенцираше дека со оваа одлука правдата е задоволена и посочи дека обвинителство немало докази дека актерката е виновна за производство, дистрибуција и организирање мрежа на продавачи и посредници за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Големо вработување се најавува во македонската Царина. Наеднаш се примаат дури 63 лица на работа во Царинската управа, а за овие нови вработувања оглас распиша Агенцијата за администрација.

АД ЕСМ на крајот од минатиот месец го назначил Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја.

Министерот зa животна средина Насер Нуредини на денешната прес-конференција соопшти дека само една прифатлива понуда од приватен оператор е пристигната за изградба и менаџирање на ХЕЦ Чебрен во јавно-приватно партнерство. По консултации со комисијата, дополнително објави дека таа е онаа на грчката компанија ППС. Имало уште една понуда од ЕДФ од Франција, но таа не ги исполнила условите.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“