27 Јули, 2024
0.0385

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

Објавено во: Македонија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ, АПАСИЕВ Е КОНТРА

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, порача дека жестокоста во критиката не смее да попушти откако синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани мораториум на вербалните напади кон Левица и кон Движењето ЗНАМ.

„Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за степен!“, пишува Апасиев на Фејсбук.

Мицкоски синоќа од Охрид порача дека нема да ги напаѓа Левица и ЗНАМ. 

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА ПРИЈАВА НА СТОИЉКОВИЌ ЗА СРЕБРЕНИЦА

Кривична пријава е поднесена против Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, поради зборовите кои ги употреби за геноцидот во Сребреница. 

Политичката партија Бошњачки демократски сојуз (БДС) и Бошњачки национален совет (БНС) денеска поднесоа кривична пријава против Иван Стоилковиќ, за негирање и исмејување со геноцидот во Сребреница.

Пријавата е во врска со изјавата на Стоилковиќ, по одлуката на Министерството за надворешни работи за коспонзорирање на Резолуција на Обединетите Нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница, при што, како што наведуваат, геноцидот го нарекол „некрофилски дизниленд“. Велат дека ваквиот говор на омраза е недозволен.

БОКИ 13 БАРА ДА СЕ РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ РЕКЕТ

Бојан Јовановски, шоуменот чија затворска казна за „Рекет“ е во прекин, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје побара да се расчисти случајот до крај.Боки 13 рече дека поднесува нови докази и ново вештачење од неговиот мобилен телефон. 

- Целиот случај „Рекет“ не е расчистен и на јавноста не и е јасно што се случувало. Барам повторно шанса да ја докажам својата невиност, рече Јовановски пред медиумите кои ги повика.

Тој алудираше на тоа дека не ги потрошил парите дадени од бизнисменот Јордан Камчев и дека, како што рече, поранешната обвинителка во случајот Вилма Русковска самата има наведено повеќе верзии за тоа каде завршиле 1,5-те милиони евра.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ЕСМ во тек на 2021 година продал 223.500 мегаватчасови струја, на аукции за трговци, по просечна цена од 63 евра за мегаватчас. И тоа им се вратило како бумеранг! Затоа што од 7 ноември до 31 декември таа година платија 34,7 милиони евра за да купат од трговците 136.176 мегаватчасови електрична енергија. Дали е ова е еден од „најголемите деловни подвизи“ на ексдиректорот Васко Ковачевски?

Полни раце работа имаат занаетчиите во Македонија. Ако ви треба плочкар, молер, фасадер големи се шансите дека ќе треба да почекате месец или два додека да дојдат и да ја завршат работата, затоа што се презафатени.

Ланската добивка е послаба од онаа во претходната година. Но дивиденда за акционерите сепак ќе има.

Финансиската инспекција на Министерството за финансии издало лани 333 казни во висина од 9.,363.375 денари (152.500 евра) за државни институции и нивните раководители кои работеле неправилно, или злоупотребувале буџетски пари. Нешто повеќе од милион денари биле платени во рамки на осум дена од изрекувањето на „глобата“. 

Потрагата по сместување и станови под кирија во Германија е голем проблем за нашите сограѓани, особено за оние со една плата, или помали приходи.

фото Фејсбук ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август