24 Ноември, 2024
0.0294

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Младите луѓе развиваат тешка клиничка слика, АстраЗенека нема да се аплицира кај помлади од 60 години

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

МЛАДИ ЛУЃЕ РАЗВИВААТ ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКА

Во Клиничката болница во Битола почина 19-годишна девојка која била суспектна на Ковид-19, а директорката д-р. Билјана Гагачовска за Фактор изјави дека направиле се што е потребно, но за жал, само неколку часа по приемот, младата девојка починала.

-Девојката беше донесена вчера, во многу тешка состојба со ниска сатурација, веднаш беше хоспитализирана во Ковид-центарорт во посебна соба за суспектни пациенти. Веднаш и беше дадена адекватна терапија и беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот, пациентката почина. Беше донесена како сомнителна со клиничка слика и манифестација на ковид-инфекција, но не беше тестирана и кај нас почина пред да биде земен брис. Инаку, девојката имаше коморбидитет-Даунов синдром.

Д-р. Гагачовска информира дека до утринава до 8 часот во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани 134 пациенти од кои повеќето се со тешка клиничка слика и во тешка состојба.

ВАКЦИНАТА АСТРАЗЕНЕКА НЕМА ДА СЕ АПЛИЦИРА КАЈ ЛУЃЕТО ПОД 60 ГОДИНИ

Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) остави секоја земја да донесе сопствена одлука кого ќе вакцинира со вакцината на АстраЗенека, македонските здравствени власти соопштија дека во земјава нема да се вакцинираат лица помлади од 60 години. Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на спортскиот центар А1 Арена-Борис Трајковски, каде што се врши масовна имунизација.

-Утрово разговаравме за ставот на ЕМА по евалуацијата на вакцината на АстраЗенека. Има две препораки, едната е дека тромботичните појави треба да влезат во упатството за употреба на вакцината, а другата е секоја држава да заземе став. Нашиот став е вакцината да не се дава на лица помлади од 60 години во нашата земја, рече Филипче.

Министерот рече дека вкупниот број на вакцинирани со АстраЗенека е речиси 15.500 граѓани и дека освен случајот со 28-годишната девојка која беше вакцинирана во Србија, нема друг сериозен случај по вакцинирањето со АстраЗенека.

ДЕНЕС ИМА 35 ПОЧИНАТИ И НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по - 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш - по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница - 10, Крива Паланка и Берово - по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти од:

Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по – 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица. 

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА АФЕРАТА СО ПАСОШИТЕ

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека „свиркачот“ од МВР им доставил и документи дека Валид Иса Хмаис, логистичар и соработник на италијанската мафија од Балканот, добил македонски пасош со лажен идентитет.

Тој го подигнал пасошот во 2019 откако се фотографирал во македонска полициска станица, тврди Мисајловски.

- Со овој пасош во јануари полетал од скопскиот аеродром во Турција, а италијанските медиуми објавуваат дека сега е во Маврициус како Вурмо Таќо. Како ниту еден полициски службеник не го забележал тоа? Зошто не се провериле банкарските сметки?, прашува функционерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ ЌЕ ИМАМЕ НАД 300.000 ВАКЦИНИ

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека до крајот на април Македонија ќе добие 300.000 вакцини против Ковид-19, и при тоа соопшти од каде ќе пристигнат најавените дози.

- Очекуваме да стигнат првите количини од оние 651.000 од ЕУ наменети за Западен Балкан, од кои 100.000 се за Македонија, а од нив веројатно 20.000-25.000 треба да пристигнат во наредните денови, следната недела. Односно, официјално објавивме во текот на април, зошто пристигнувањето на вакцините не зависи само од нас, туку зависи и од испорачателот на вакцините. Исто така, очекуваме да стигне првата пратка од Фајзер со кој што имаме договор за 800.000 вакцини, очекуваме да стигне втората пратка од Ковакс механизмот, која е гарантирана за април, очекуваме да стигнат и 200.000 вакцини од Кина, и очекуваме позначителна количина од Спутник, руските вакцини, за кои што исто така имаме договор за 200.000.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Готово е предлог законското решение за недела неработен ден. Министерството за труд и социјална политика состави измени на два закони впрочем – тој за работни односи и Законот за трговија.

Кога има фалсификување, не смее да се толерира повторување на ова кривично дело и  полицијата не требало да чека две години да се направат 219 пасоши со лажен идентитет за светски криминалци, смета Љубомир Ѓурчевски, поранешен висок функционер на МВР, коментирајќи ја акцијата „Двојник“.

Голем дел од европските земји најавија олабавување на мерките и отворање на културните институции, како и фризерски салони, козметички студија и слично. Но, граѓаните ќе може да ги посетуваат само под услов да имаат негативен тест за ковид. Од тие причини, владите на државите набавуваат брзи тестови, за домашна употреба, кои имаат клучна улога олабавување на карантинот. 

Со 12.100 вакцинирани граѓани со првата доза, што опфаќа само 0,7 отсто од населението, Македонија е меѓу земјте чии процес на вакцинација е многу послаб и побавен. 

И во пандемиска година не престанале вработувањата на државни јасли. Полнењето со нови работници во институциите на државната и во локалната власт си продолжило уредно, иако заради пандемијата еден период биле стопирани постапките.

Министерот за информатичко општество и администрација, Јатон Шаќири, тврди дека од аспект на Министерството за информатичко општество и администрација, досега се завршени процедурите во сите институции за сите вработени кои беа предвидени со К5 програмата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа