22 Октомври, 2024
0.8268

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На 18 јуни Мицкоски ќе го достави составот на идната влада до Собранието

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

MИЦКОСКИ НАСКОРО ЌЕ ГО ДОСТАВИ СОСТАВОТ НА ВЛАДАТА

Идната влада, изјави Мицкоски, ќе биде составен од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, чиј лидер е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
За тоа каква ќе биде соработката со ДУИ по нивната поддршка на Законот за реорганизација на министерствата, за што од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ е во широка коалиција со партијата на Али Ахмети, Мицкоски одговори дека очекувал за Законот да гласаат и пратеници од Левица и од коалицијата предводена од СДСМ, со кои, како што рече, лично остварувал контакти цело време. 

ДЕМИРИ ОБЈАСНИ ЗОШТО ГИ РАЗРЕШИЛ ДИРЕКТОРИТЕ

По објавата на Државната комисија за спречување корупција, која најави дека ќе бара одговорност од Министерот за здравство, Илир Демири, по разрешувањата на медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија и на Клиниката за токсикологија денеска се огласи и самиот Демири. 

Тој нагласува дека овие разрешувања биле поради пропусти во нивната работа.

- Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци.

Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај. 

ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗАЕДНО УПАТИЈА ПОРАКА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Eкс премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас кои се потписници на Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името, велат дека новото раководство на земјава го крши тој договор. 

Текстот го објави Прототема и во него се вели дека почитувањето на Договорот е единствениот пат до европскиот пристапен процес.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Податоците на Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека бројот на пензионери во месец март годинава достигнал 338.336 лица. Пиртоа најголем дел од нив се пензионери кои се стекнале со пензија по основ на години, поточно добиле старосна пензија и тоа по работен стаж.

Агенцијата за катастар на недвижнини во текот на 2023 за своите услуги од граѓаните и другите субјекти од фелата наплатила повеќе од 10 милиони евра, што коинцидира со поскапениот тарифник среде економската криза. 

Ако во неколкуте месеци до март годинава имавме благо зголемување на бројот на невработени лица, март, а особено април, донесоа посериозни промени во надолна линија.

Преку информација на Берзата, потврдена е информацијата за која Фактор пишуваше уште пред подолг период. 

Потегот на Милковски помладиот е пример за добра корпоративна практика на млад менаџер. Со него праќа порака дека верува во компанијата со која раководи. Затоа што плаќа негови пари за акции во компанијата со која раководи и при тоа плаќа фер по пазарна цена формирана на Македонската берза.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ