26 Јуни, 2024
0.0307

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На Латас му е одземен пасошот, во Собранието имаше жестока дебата

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

НА ЛАТАС МУ Е ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ

Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето на Јавното обвинителство и донесе одлука да им забрани јавен настап на новинарот Драган Павловиќ - Латас и на јутјуберот Стефан Лазаров. Според известувањето од судот, на Латас му е одземен и пасошот.

Ваквите мерки следуваат откако изминатиот викенд Латас зборуваше за тоа како прифатил да учествува во акт на силување на девојка додека бил малолетник, на што наиде на позитивна реакција од водителот Лазаров во неговата поткаст емиисија, наместо на негодување и осуда.

Обвинителството за двајцата поднесе обвинителен предлог за кривично дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по негативните реакции од широката јавност.

ЖЕСТОКА ДЕБАТА ВО СОБРАНИЕТО

Првиот вицепремиер Артан Груби на денешната собраниска седница за пратенички прашања од говорницата им рече на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се деца на Сашо Мијалков и Никола Груевски.

Премиерот Димитар Ковачевски беше повикан од опозицијата да даде коментар за аферите кои ги објавуваше опозицијата за Груби во изминатиот период, а наместо него одговори министерот за политички систем.

Идеолошки татко на Миле Лефков не му е ниту Груевски ниту Мијалков. Идеолошки татко му е Зоран Заев, Владо Бучковски и Радмила Шекеринска зaтоа што беше член на СДСМ, изјави премиерот Димитар Ковачевски за пратеникот Миле Лефков. 

Талат или било кој, ми ги спомене ли уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши. И ова не е закана, ова е ветување, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. 

ЗЕМЈОТРЕС ВО ТАЏИКИСТАН

Во Таџикистан, каде утрово имаше земјотрес од 7.2 степени, бебе е спасено од урнатините. 

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа дека имаше уништени објекти и патишта. Засега нема податок за бројот на загинатите. 

Епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина. Земјотресот го почувствувале во градовите Кашгар и Артукс во западна Кина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поранешниот пратеник и долгогодишен кадар на операторот на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО, Михаил Пановски, ја презеде фирмата за прекугранична трговија со увозна струја Мист Енерџи Еко, која претходно со своето старо име со почетокот на енергетската криза имаше проблеми со отстапувањата кој ги влечеше од европската мрежа. Пановски за време на претходната власт беше член на Управниот одбор на МЕПСО како директор на подружницата Оператор на преносна мрежа.


Се продаваат два дуќани во Кисела Вода. Едниот од 99, а другиот од 150 метри квадратни, за вкупна почетна цена од 174 илјади евра.

Келнерите се почесто бираат да заминат на работа во странство каде им се нудат повисоки плати, а се ветуваат и платени придонеси. Фелатa се повеќе кубури за работници во секторот, а упатените предупредуваат дека работниците кои ќе работат во странство може да останат без платени придонеси поради бирократски „сопки“.

Заради големиот интерес за обука и полагање регулаторот на осигурителниот пазар АСО идната седмица ќе распише оглас за обука и полагање за овластени актуари. На осигурителниот пазар секогаш му е потребен искусен и овластен актуар, а парите не се проблем. Платите на искусните актуари надминуваат 100.000 денари во осиурителната индустрија. Во светот на финансиите на глобално ниво актуарството е една од најпосакуваните 20 професии

Системот на ФЗОМ се уште е падни-стани потврдуваат за Фактор и дел од аптеките и дел од матичните лекари, а дека скоро, односно нецелосно е ставен во функција потврдија и првите луѓе на оваа институција на вчерашната прес-конференција. 

Медиумите јавија дека многу деца во Турција по разорните земјотреси, не можат да зборуваат поради доживеаната траума. Наташа Бекирова, психолог и семеен советник од Психомедика онлајн платформа вели дека овие деца беа сведоци на страшни сцени, изгубија блиски, поради што уште долго ќе имаат траума и ќе им треба помош.

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“