05 Декември, 2025
0.0710

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Неколку пациенти си одат дома, но има и нова жртва

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Април, 2020 19:40

Добивај вести на Viber

ПОЧИНА ЖЕНА ОД СТРУГА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Почина 65-годишна жена од коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека пациентката имала повеќе коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност. 

Истовремено, тој информираше дека денеска од Клиниката за инфективни болести биле испишани 5 пациенти, на кои им бил направен 2 контролен тест за коронавирусот, кој е негативен. Во добра здравствена состојба се и пациентите во Дебар кои се на домашно лекување. 

На 11 од нив ќе им бидат земени конгролни брисеви, а сите се во добра општа здравствена состојба.

Пациентката од Охрид која синоќа почина на скопската Клиника за гинекологија има негативен тест за корона вирус.кој и беше направен посмртно.

Таа од Охрид на Клиниката за гинекологија беше донесена со мртов плод во утробата, со возило на брза помош, со висока температура и оставена пред вратата на клиниката, за што ДСЗИ ќе изврши вонреден надзор.

Михаела Јаневска е млада девојка од нашата земја која се избори со КОВИД-19. Всушност таа е пациентката која во летот од Барселона за Скопје, патуваше со маска и ракавици и одвоена од другите патници, поради тоа што чувствувала симптоми на коронавирус, и веднаш се пријави на Инфективната клиника во Скопје.

Таа по доаѓањето во својот дом, излечена и среќна, сподели видео на социјалните мрежи, во кое го пее хитот „Stand by me“ со посвета на сите пациенти и медицински лица.

Излекувани се вкупно 17 лица од коронавирус во земјава. 

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска се испишани пет пациенти, а со тоа вкупниот број на излекувани од коронавирусот изнесува 17.

ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА ТРПАТ КРИТИКИ

Екс министерот за економија и професор, Трајко Славевски, смета дека предложените мерки на Владата поради кризата со епидемијата на коронавирусот треба да се преиспитаат со цел да се намали ударот врз граѓаните и стопанството. 

Вели дека тие се недоречени и конфузни.

Прашува колку претпријатија и вработени ќе ги задоволат поставените услови и критериуми за користење на мерката поддршка во износ на минималната плата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, не очекува рапидно зголемен наталитет за девет месеци во Македонија само поради тоа што населението во моментов седи дома поради корона-вирусот и има забрани за движење.

- Дај боже, тоа добро ќе ни дојде, но не очекувам бог знае каков пораст на наталитетот. Фертилното младо население мигрира во странство. Тоа пак што границите сега се затворени неме да ги спречи младите да се иселуваат, бидејќи повторно ќе се отворат и тоа нема да им ги расипе плановите, изјави првиот статистичар за „Фактор“.

Симовски вели дека статистиката за прв пат се соочува со актуелниот проблем и постојат технички ограничувања поради кои не може да се соберат потребните податоци за разните параметри од економските и социјалните сфери.

Добро е што ги има, ама лошо е што овие економски стимулации најверојатно нема да се доволни. Економските аналитичари кои ги консултираше Фактор велат дека предложениот сет економски мерки ќе залечат некои рани на ранетото домашно стопанство, но предупредуваат дека ситуацијата треба будно да се следи и да се носат, ако е потребно, и нови пакети помош, затоа што според очекувањата, оваа криза ќе зафати голем дел од домашната економија. 

Никој не знае колку ќе трае оваа криза - ако е пократко тогаш последиците ќе се помали, ако не катастрофални.

Поради корона кризата приходите во буџетот годинава ќе паднат меѓу 20 и 40 отсто отсто, а тоа ќе доведе до дупка меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди евра, покрај првично планираниот дефицит од 300 милиони евра, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Ова го покажале сценаријата што ги направиле во министерството за финансии. 

За да им се помогне на компаниите во време на криза, неопходно е да се носат брзи мерки, и да не се чека предолго, вели за Фактор Сашо Наумоски, директор на прилепска „Витаминка“.

Тој објаснува дека поради коронакризата, првичниот шок за нивната компанија, бил голем.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите