ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор за минимална плата од 500 евра
Објавено во: Економија 30 Јули, 2025 22:18
НЕМА ДОГОВОР ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по средбата на синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на Економско социјалниот совет, рече дека тие дури биле искарани затоа што барал многу.
„За жал големо разочарување, нема изгледи за зголемување на минималната плата. Тоа што го слушнавме внатре е дека ССМ многу барал, дека работниците многу бараат и дека им е доста, дека со тие плати треба да бидеме среќни што ги добиваме“, изјави Трендафилов.
СТРАНЦИТЕ ПОЧНАА СО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Во Берово денеска пристигна словенечкиот екипаж кој се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен, како и останатите пожари во источна Македонија. Пожарникарите од Словенија се сместија на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде по поставувањето на опремата активно се вклучија во теренските интервенции на опожарените места.
Во изјава за МИА, претставник на екипажот Роберт Шкрл изрази длабока солидарност со македонските граѓани и нагласи дека нивниот тим ќе работи во тесна координација со националните и меѓународните служби за да обезбеди ефикасен и навремен одговор на кризата.Повторно се разбуди кракот од Готен кај село Подареш, во околината на Радовиш.
„Дејство на Блек Хок-от врз кракот пожарот над радовишкото с. Подареш - кој штотуку се разбуди“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Претходно овој чешки хеликоптер гаснеше од страната на Берово, ставајќи го под контрола овој крак од Готен.ВИСАР ГАНИУ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ЈА ТУЖИ ДАНЕЛА АРСОВСКА
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска изјави дека не се точни наводите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за постоење на 150 дивоградби на територијата на општината, како и тврдењата дека тие се изградени на државно земјиште.
Ганиу рече дека ќе ја тужи Арсовска за, како што тврди, изнесување невистини и клевети.
„Чаир има површина од околу три квадратни километри, каде речиси сè е приватна сопственост. Тврдењата дека објектите се на државно земјиште се неточни. Нема 150 згради како што се тврди, ниту пак има темели за 50 нови“, изјави Ганиу.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Успешно „прво полугодие“ имаше македонската компанија „Димко Митрев“ од Велес бидејќи во првите шест месеци од година остварија добивка која е дури 16 отсто поголема отколку истиот период минатата година.Најпознатиот бизнисмен од Гевгелија, Марјан Николовски, ја купи логистиката на фирмата Кат-Кетеринг, застапник на брендот „Гудис“ во Македонија, од децата на еден од најпознатите менаџери во Македонија, Светозар Јаневски - Јане Јаневски, Драгана Јаневска и Кирило Јаневски.
Четворица од петчлената Комисија за хартии од вредност се повлекуваат, неофицијално дознава Фактор.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




