19 Декември, 2025
0.0450

Висар Ганиу ќе ја тужи Данела Арсовска за клевета

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2025 20:23

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска изјави дека не се точни наводите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за постоење на 150 дивоградби на територијата на општината, како и тврдењата дека тие се изградени на државно земјиште.

Ганиу рече дека ќе ја тужи Арсовска за, како што тврди, изнесување невистини и клевети.

„Чаир има површина од околу три квадратни километри, каде речиси сè е приватна сопственост. Тврдењата дека објектите се на државно земјиште се неточни. Нема 150 згради како што се тврди, ниту пак има темели за 50 нови“, изјави Ганиу.

Тој вели дека, според податоците од 2005 година, во општината постоеле околу 13.000 дивоградби, што, како што рече, е состојба која општинската администрација ја наследила.

Дополнително, посочи дека во текот на дискусиите во ЗЕЛС, било кажано дека во цела држава по 2011 година се изградени околу 130.000 дивоградби, што ја позиционира општина Чаир под дваесеттото место на национално ниво и на шесто место меѓу скопските општини.

Маж ја нападна Арсовска месецов во Чаир, за што почна и судски процес. 

фото Фејсбук/Висар Ганиу

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот