05 Декември, 2025
0.0679

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема нови анти ковид мерки, партиите се обединуваат околу Резолуцијата

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јули, 2021 19:37

Добивај вести на Viber

ЗАСЕГА НЕМА НОВИ АНТИ КОВИД МЕРКИ

На денешниот состанок, членовите на Комисијата за заразни болести не препорачаа нови рестриктивни мерки поради се поинтензивното ширење на делта вартијантата во Европа, бидејќи кај нас и во регионот состојбата е стабилна.

Оттаму сметаат дека во Македонија ситуацијата со епидемијата е под контрола, заради што нема потреба од препорака за нови мерки. Инаку, доколку имаше нови мерки, пред се заради ширењето на делта варијантата, министерот за здравство Венко Филипче, уште во петокот изјави дека ти најверојатно ќе се се однесуваат на заштита на граничните премини.

Истовремено, надлежните посочуваат:

-Министерството за здравство ја следи епиедмиолошката состојба во земјава и регионот. Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, велат од МЗ.

Инаку, бројот на новозаразени во Македонија е во постојано опаѓање. 

Во последните 24 часа се направени 1.650 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 5 и Кичево – 1.

РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ Е ПРИФАТЛИВА И ЗА ДРУГИТЕ ПАРТИИ

Резолуцијата предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија, е пртифатлива за Либерално-дермократската партија. Ова за Фактор го потврдио пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова.

Како што е познато, дернеска во врска со Резолуцијата средба имаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски, со двајцата пратеници од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсовски, со пратеничката од ДОМ, и претседателката на таа партија, Маја Морачанин.

Зајкова вели дека за ЛДП реџзолуцијата е прифатлива, но има еден проблем, а тоа е што ЛДП инсистира во текстот на резолуцијата да стои уставното име на државава, Република Северна Македонија, а не како што е во Резолуцијата, без додавката Северна.

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери, затоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.

Интерпелацијата воедно е и поради кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството дојдоа во скафандери за да гласаат за економските мерки, а притоа беа позитивни на коронавирусот. 

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев изјави дека интерпелацијата е поднесена поради три главни причини.

СУДИЈАТА БОШЕВСКИ Е РАЗРЕШЕН

Судскиот совет го разреши судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд Скопје кој го водеше случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, во кој беше обвинет eкс премиерот Никола Груевски.

„Разрешен е еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција“, соопштија од Судскиот совет.

Со разрешувањето на судијата Горан Бошевски, освен случајот „Траекторија“, од почеток ќе стартува и судењето за „Талир 1“, предмет отворен од поранешното СЈО. Во овој случај Бошевски беше втор судија, заедно со Осман Шабани. Станува збор за случајот со изградба на автопатите, односно делниците Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, и финансирањето на ВМРо-ДПМНЕ. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите