02 Јули, 2024
0.0384

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри и дека при падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.

Поради непристапноста на теренот за возила Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

- Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од "САЕ Тигар", е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ "8-ми Септември" во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.


Можеби ќе ве интересира

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ ЌЕ ЗЕМААТ ЕВТИНИ КРЕДИТИ - еве што им соопшти Независниот синдикат на Полицијата

ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ ЌЕ ЗЕМААТ ЕВТИНИ КРЕДИТИ - еве што им соопшти Независниот синдикат на Полицијата

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РУСКА ПРОПАГАНДА И ПРОРУСКО РАСПОЛОЖЕНИЕ, МОЖЕТЕ ПОВТОРНО ДА НИ ГИ ОСВОИТЕ СРЦАТА“ - професорот Славески им напиша на своите американски пријатели

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РУСКА ПРОПАГАНДА И ПРОРУСКО РАСПОЛОЖЕНИЕ, МОЖЕТЕ ПОВТОРНО ДА НИ ГИ ОСВОИТЕ СРЦАТА“ - професорот Славески им напиша на своите американски пријатели