БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗАДОВОЛЕН ОД ПОПИСОТ: Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2024
Бугарија е задоволна од пописот во Албанија.
Бугарскиот амбасадор во Тирана, Ивајло Киров, изрази задоволство од пописните резултати според кои во Албанија живеат 7.057 лица со бугарска националност, јави Ора њуз.
Амбасадорот Ивајло Киров при денешната посета на северниот албански град Кукс, каде учествувал во активност за бесплатни здравствени прегледи на жителите на овој град од страна на бугарски лекари изразил „благодарност за сработеното, но и за почитувањето на правата на малцинството”.
Додал дека со „овој процес се создале хармонични услови за жителите со бугарско потекло слободно да ја изразат својата етничка припадност”.
„Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија и за Балканот“, изјавил Киров.
Оценил дека „ова е една од причините зошто албанската држава преговара со ЕУ”.
„Многу е важно албанската држава да го прикаже бројот на населението, бројот на станови бидејќи врз основа на овие податоци ќе биде распределбата на албанските претставници во ЕУ и приходите што Албанија може да ги апсорбира од фондовите на ЕУ. Морам да нагласам дека пописот во Албанија е надгледуван од претставници на ЕУ и други заинтересирани земји“, посочил бугарскиот дипломат.
Според резултатите од пописот што пред два дена ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во оваа земја живеат 2.281 Македонец.Македонските здруженија реагираа дека Бугарите пред и за време на пописот ги посетуваа селата населени со Македонци и нуделе пасоши, студии во Бугарија, телефони.
И грчко здружение реагира за бројот на православни во Албанија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.