02 Јули, 2024
0.0321

ПЛАТА ОД 300.000 ДЕНАРИ Е УСЛОВ: Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на ДЗС

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), а плата во висина од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија. 

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“.

Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.

За да може да извршува летови авио-одделението на ДЗС, потребни се минимум тројца пилоти. Максути вели Дирекцијата не смее да извршува задачи со еден пилот, односно мора да има уште минимум двајца пилоти. Како што појасни директорот на ДЗС, според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет вршат меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.

Можеби ќе ве интересира

„ИМАШЕ КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ПОТОА ДОЈДЕ СЈО“: Се огласи Димовски по пописот во Албанија

„ИМАШЕ КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ПОТОА ДОЈДЕ СЈО“: Се огласи Димовски по пописот во Албанија

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб