ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нов рекорд на заразени, не е исклучена можноста и за нови мерки
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Октомври, 2020
ЗА 24 ЧАСА ИМАМЕ НОВ РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420, Куманово-35, Дебар-5, Штип-20, Прилеп-61, Тетово-58, Струга-5, Велес-82, Битола-33, Охрид-23, Кавадарци-19, Гостивар-18, Гевгелија-13, Струмица-30, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-8, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-20, Ресен-6, Неготино-8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје-273, Куманово-15, Штип-15, Прилеп-16, Тетово-21, Струга-8, Велес-5, Битола-4, Охрид-8, Кавадарци-6, Гостивар-11, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-2, Радовиш-10, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово -4, Валандово-2, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г). Сите се починати во болнички услови.НАЌЕ ЧУЛЕВ Е ПОЗИТИВЕН
Екс министерот за внатрешни работи и директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19.
Тој информацијата ја објави на Фејсбук.
„За жал, и покрај сериозната претпазливост, не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден. Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови. Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето“, напиша тој на фејсбук.АКО ВАКА ПРОДОЛЖИ МОЖНИ СЕ НОВИ МЕРКИ
Првиот човек на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во емисијата Трилинг на 24 вести објаснува дека размислуваат за сите мерки вклучувајќи локално, регионално па дури и целосно затворање на државата.
„Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија – вели претседателот на Комисијата.
Тој за Трилинг открива дека лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.
„Македонија е на врвот на епидемијата. Македонскиот здравствен систем не е димензиониран да ни се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа, вели претседателот на Комисијата за заразни болести.СОНК БАРА НА НАСТАВНИЦИТЕ ДА ИМ СЕ ИСПЛАТАТ ПРЕКУВРЕМЕНИТЕ ЧАСОВИ
Синдикатот за образование и наука, СОНК, бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи на наставниците кои се од ризичните групи граѓани да ја изведуваат наставата од дома. „Хронично болни наставници секојдневно до работа патуваат со автобус и се изложени на огромна опасност од заразување, особено постарите наставници“, вели Јаким Неделков од СОНК.
Овој Синдикат бара од директорите, по барање на наставниците да им дозволат да работат од дома и во октомвриската плата која треба да ја добијат на почетокот на ноември, да бидат пресметани дополнителните часови.
„Сите паралелки кои бројат над 20 ученици, мора да се поделат на две групи, што значи удвојување на работата на наставниците. Бараме од директорите оваа дополнителна работа да ја пресметаат и да ја стават во вид на додаток на плата, поради прекувремената работа“, вели Јаким Неделков од СОНК.
Тој тврди дека постои таков основ во Законот за работни односи и општиот колективен договор.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во Македонија во руралните средини на истокот може да се купат евтини куќи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.