05 Декември, 2025
0.0597

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 66 позитивни, Дебар се нормализира, за Куманово нема карантин

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Април, 2020 20:43

Добивај вести на Viber

ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ИМА НОВИ 66 ПОЗИТИВНИ

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче.
Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови се следниве: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Во изминатото деноноќие направени се 500 теста.
За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.

Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

ВО ДЕБАР НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ

Во градот Дебар се зголемува бројот на оздравени од Ковид 19.

Веќе 12 дена нема нови заразени со коронавирусот.

Но, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука денеска изјави дека битката со невидливиот непријател не е добиена. 

Порача дека граѓаните не треба на состојбата да гледаат со триумфализам, туку и понатаму да бидат дисциплинирани и да ги почитуваат мерките кои ги наложи Владата. 

Бројката на потврдени случаи во Дебар останува на 49. 

ЗАСЕГА НЕМА КАРАНТИН ЗА КУМАНОВО

И денеска нема одлука Куманово да се стави во карантин.

По состанокот што Централниот кризен штаб го имаше со локалните власти во Куманово, прашањето ќе биде дискутирано и во Владата.

Во Куманово има 262 позитивни случаи на коронавирусот.

ПРЕДВРЕМЕНИ ПОРОДУВАЊА, ПОЧИНАА ПЕТ БЕБИЊА

Клиниката за гинекологија и акушерство информира дека од 9 до 13 април починале пет предвремно родени бебиња. Од ГАК информираат дека во последните седмици е забележан зголемен број на предвремени породувања

-Бременоста и во нормални околности е проследена со осцилации во емоциите, често е придружувана со зголемена чувствителност и вознемиреност, а очекувано е Ковид-19 да предизвикува нагласена загриженост кај бремените жени. Поради тоа, не е исклучено психолошката состојба на трудниците да има свое влијание и врз поголемиот број на предвремени породувања, во однос на вообичаениот, велат од ГАК.

Станува збор за предвремено родени бебиња со екстремно мала родилна тежина и со екстремна незрелост. 

На 6 април починале сите три бебиња на родилка која носела тројка и била со високоризична бременост.

КАЗНИ ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО ЧЕНТО

Дури по 5.000 евра ќе платат тројцата од Синѓелиќ кои не го почитувале полицискиот час и за кои се крена голема бура во јавноста.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел предлог за определување казнен налог против овие три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од парите кои земјава ги очекуваше од меѓународните кредитори и институции, засега се обезбедени само 176,5 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд. Сите други планирани средства се очекува да стигнат подоцна, во мај или во јуни оваа година.

Овој заклучок може да се извлече од одговорот што Фактор го доби вчера од Министерството за финансии. 

Страшо Милковски, претседателот и сите членови на Управниот одбор на „Гранит“ предложија на акционерите да одобрат половина милион евра за награди на менаџерскиот тим и на раководниот кадар во најголемата македонска градежна компанија. 

„Гранит“ направи потег вреден за внимание затоа што е единствена компанија ( од оние чии акции котираат на берзата н.з.), а дала предлог за наградување на менаџери и раководители.

Во период на пандемија, клиниките во Скопје, дел од своите капацитети ги пренасочуваат на Клиниката за инфективни болести, но и во вакви услови, кога има приоритети, работата се одвива непречено, говорат за Фактор дел од раководните лица од неколку скопски клиники.

Живееме во исклучително тешки времиња кога државата се соочува со пандемија на коронавирус, а токму здравствените работници се оние кои се на првата борбена линија во заштитата на јавното здравје. 

Во такви услови, бизнис секторот е ставен пред предизвик на кој начин ќе им помогне на медицинските работници во справувањето со оваа здравствена криза.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите