24 Ноември, 2024
0.0309

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови случаи на делта сој во Македонија, можно е да има рестриктивни мерки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

ПОТВРДЕНИ НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗЕНИ СО ДЕЛТА СОЈОТ

До крајот на неделава, членовите на Комисијата за заразни болести ќе дискутираат дали сегашната состојба бара воведување некакви рестриктивни мерки, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Поради детектирањето на делта варијанта кај неколку случаи министерот истакна дека можно е воведување мерки на границите при влез во Северна Македонија.

-Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, рече Филипче.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека од понеделник во Македонија ќе се дозволи вакцинација на младата, односно школската популација од 12 до 16 години.

ДО ПЕТОК РЕЗОЛУЦИЈАТА ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ВО СОБРАНИЕТО

Резолуцијата многу скоро ќе се најде пред народните избраници. 

До крајот на неделата ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на Македонија. Ова денеска го најави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Вели дека донесувањето на оваа Резолуција е во интерес на сите граѓани. 

„Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи. Очекувам Резолуцијата да биде поднесена во текот на утрешниот ден или најдоцна до крајот на неделата“, изјави Муцунски. 

ВО ГРЦИЈА РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, ВО РЕГИОНОТ СТРАВ ОД ДЕЛТА СОЈОТ

Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот во Грција. 

Денес има повеќе инфицирани од вчера. Во Грција се регистрирани нови 1.820 случаи на коронавирусот.  Има 1.061 случај во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн. Од новите случаи 21 е „увезен”, од кои шест се откриени на влезните точки во земјата.

Вчера кај јужниот сосед имаше 1.797 случаи на коронавирус и осум починати. 

Последен пат, над 1.800 новозаразени во Грција имаше на 1 јуни годинава. Од почетокот на пандемијата во земјата, од вирусот починаа 12.763 лица, а потврдени се 430.960 позитивни случаи.

Се враќаат дел од рестрикциите. 

Страв од зголемување на бројот на заразени има и во Србија, каде ќе се зголемуваат болничките капацитети. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Мислењата за иднината на македонските села се поделени.  Граѓаните обично мигрираат од село во град, но иако во помал број сепак има и луѓе кои од урбана заминуваат да живеат во рурална средина. 

Во разговор за Фактор, еден од најистакнатите експерти од областа на имунологијата, д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија, вели дека вакцината е основната алатка во борбата против корона вирусот. 

Се комплицираат ли работите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид? Откако објавивме вчера дека парите кои се предвидени за надзорот на довршувањето на делниците долж Коридорот 8 на овој потег, се нова ставка односно поскапување на изградбата, дознаваме дека со кинеската компанија Синохидро се уште не е постигнат конечен договор и за пролонгирањето на крајниот рок.

Членовите на Владата и нивните гости без лимит се гостеле на Преспанскиот форум за дијалог во Охрид и Отешево. Службените трошоци за угостителски услуги немале лимит, затоа што Владата непосредно пред настанот донела таква одлука на 23 јуни на владина седница.

Битолската Млекара и понатаму останува број еден по пазарно учество (покрива третина од целиот пазар н.з.) и е неприкосновена според остварениот профит.

Хрватскиот гувернер Борис Вујчиќ, кој е во посета на нашата Народна банка, смета дека криптовалутите, меѓу кои се биткоинот и етерумот, всушност и не се валути, туку се еден вид имот.

Откако до пратениците стигнаа предлог законските измени на законите за работни односи и за трговија, со кои недела се прогласува за неработен ден, дел од бизнис заедницата вели дека генерално се согласува со нив и смета дека работникот навистина треба да се награди за работењето во недела.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип