ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови жртви и продолжен полициски час во цела Македонија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020
НОВИ ЖРТВИ НА КОВИД 19
Tројца пациенти се починати, еден пациент од Кочани, и двајца од Тетово.
Ова на прес-конференција денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
На Инфективната клиника се примени 10 нови пациенти, од кои 8 се на механичка вентилација.
Во 8-ми Септември се примени 4 пациенти.
Во Битола е хоспитализиран еден пациент.
15 нови случаи има за 24 часа, 4 во Скопје, 8 во Куманово, Тетово, Штип и Струга по еден.
„Оваа бројка е од направени вкупно 202 тестови“, рече Филипче.Уште двајца кумановци ја изгубиле битката со корона вирусот, изјави вечерва градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на Топ Тема на Телма.
ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека е донесена одлука за продолжување на полицискиот час на цела држава.
Од 16 часот до 5 часот наредниот ден нема движење.
За време на викендот нема движење од петокот до понеделникот на територија на цела држава.
Построги мерки има за старите над 67 години и за младите до 18 години.
Се забранува движење во групи, освен за родители со деца.
„За земјоделските активности дозволиво е движењето во атарот на селата исклучиво за работни потреби“, рече Спасовски.
Ова стапува на сила од среда.
Празниците граѓаните ќе мора да ги поминат дома.БАБАТА НА ПЕНДАРОВСКИ НЕГАТИВНА
Готови се резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Од неговиот Кабинет соопштија дека резултатите се негативни.„Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика“, наведуваат од кабинетот на Пендаровски.
Жената почина вчера, а една година имала тешки здравствени проблеми.КОЧАНИ СТРАВУВА ЗА СТОТИЦИ ЗАРАЗЕНИ
Почина лицето коешто беше евидентирано како прв случај во Кочани, заразен од коронавирусот, потврди денеска градоначалникот на општината Николчо Илијев.
Станува збор за човек кој има само 40 години. Т
„Изразувам длабоко жалење и упатувам сочувство до семејството на починатиот. Жалам што болеста која го тресе светот однесе млад живот и остави болна празнина во нашата средина, ненадоместлива за најблиските.
Повикувам да не се создава паника, туку смирено, свесно и дисциплинирано сите да се придржуваме кон пропишаните мерки, кои се суштински за спречување на заразата, вели градоначалникот.
СТИГНА ПОМОШ ОД УНГАРИЈА
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Куманово викендот го помина во карантин со цел да се спречи ширењето на заразата со Ковид 19.
Од петокот во 21 часот, па сѐ дeнес до раните утрински часови беше забрането движење.Берзанскиот индекс МБИ10 расте веќе неколку дена по ред. Откако на 27 март минатиот месец тој ја доживеа најниската вредност во овој период, од 3.256,2 поенти, во изминатите неколку дена тој постојано оди по нагорна линија.
Одредени денови дури имаше и пораст меѓу 6 и 7 проценти, покажуваат извештаите на берзата.Агенцијата за електронски комуникации ќе ја троши заштедата од повеќе од 7 милиони евра собрана од претходните години за да помогне во борбата со економската штета предизвикана од корона вирусот.
Тоа значи дека безмалку заедно ќе се потрошат 16 милиони евра.
Нема никаква потреба граѓаните што имаат штедни влогови во денари, нив да ги менуваат во евра, советуваат од Народна банка на Македонија.
Оттаму уште еднаш цврсто гарантираат дека денарот е и ќе остане стабилен, и граѓаните по ова прашање можат да бидат целосно спокојни.Во текот на овој месец доспеваат првите негативни резултати врз реалниот сектор од пандемијата на COVID 19.
Каматните стапки за граѓаните за постојните кредити, односно оние кои веќе ги отплаќаат кон банките, нема да се променат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.