ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови жртви на коронавирусот, а Филипче, Спасовски и Димитриевски повторно негативни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Април, 2020 20:30
КОРОНАТА ОДНЕСЕ НОВИ ЖРТВИ
Во Македонија има уште 38 излекувани пациенти од Ковид 19.
Со тоа вкупната бројка на оздравени е 627.
Ова го соопштуваат од Министерството за здравство. 38-те оздравени пациенти се во Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.
Има и двајца починати.
ФИЛИПЧЕ, СПАСОВСКИ И ДИМИТРИЕВСКИ ПОВТОРНО НЕГАТИВНИ НА КОВИД 19
Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство Венко Филипче е негативен на коронавирус.
„Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик. Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронавирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката“, потенцираше министерот Филипче.
Министерот беше во изолација откако беше на средба во Куманово со градоначаникот Максим Димитриевски кој подоцна беше позитивен на коронавирусот.И вториот тест на коронавирус на премиерот Оливер Спасовски е негативен, соопштија од Владата.
Спасовски порача дека е многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.Градоначалникот на Куманово, Maксим Димитриевски излегува од изолација, бидејќи на вториот тест е негативен.
„Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатот за вториот контролен тест кој е негативен, направен во Институтот за јавно здравје, од утре продолжувам посветено со моите работни обврски“, објави Димитриевски.ЖЕНА НА ВОЗРАСТ ОД 85 ГОДИНИ СЕ ИЗЛЕЧИ ОД КОРОНА
Најстариот оздравен пациент од Ковид-19 во Македонија е 85-годишната Елена Макалоска од Прилеп. Жената денеска ја напушти болницата и замина од инфективното одделение. Претходно се сликаше со персоналот на болницата, луѓето кои се грижеле за неа.
„Денес имаме и причина за славење.Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение.85 годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал, стои во објавата на фејсбук на Општата болница во Штип.АНГЕЛОВСКА СЕ ОГЛАСИ ПО ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН ЗА ПЛАТИТЕ
Сега ќе треба од друго место да се најдат, односно од буџетот да се пренаменат тие 4 милиони евра што беа заштедени на расходната страна со кратењето на функционерските плати, изјави првата финансиерка, Нина Ангеловска по вчерашната Одлука на Уставниот суд.
Таа смета дека уште на стартот, требало да бидат солидарно намалени сите плати на вработените во јавниот сектор.
„Јас го кажав моето мислење како министер за финансии и како човек дека сите треба да понесеме солидарен дел од товарот. Тоа значи дека сметам дека треба и администрацијата да понесе дел од товарот кој го носи и приватниот сектор и вработените во приватните компании, а кои всушност го полнат буџетот“, рече Ангеловска.
За одлуката на Уставниот суд рече дека не би ја коментирала.УНИВЕРЗИТЕТ ОД СИНГАПУР ИЗЛЕЗЕ СО ПРОГНОЗА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ КРИЗАТА
Коронавирусот од Македонија си оди 99 oтсто на 22 мај, а целосно на 16 јуни.
Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн ова го наведува во извештај за тоа кога епдиемијата со Ковид 19 ќе заврши.
Вирусот на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





