15 Октомври, 2024
0.0296

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

ОБВИНЕТИТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ НЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ВИНОВНИ

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.

Палевски кажа дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него.

„На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум, што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем“, рече Палевски.

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ по судењето во изјава за медиумите вели „обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар“.

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА ИМА МОЖНОСТ МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ

Со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, Република Северна Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на нашето семејство, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во објава на Икс посветена на неговата вчерашна средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел. 

- Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Северна Македонија за членство во ЕУ, наведе Мишел. 

Тој во објавата додава и дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите поврзани со ЕУ. 

НА ГЛАВЧЕВ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА „ТОНОТ“ НА МАКЕДОНИЈА

Сметам дека тонот кој го користи Република Северна Македонија нема да и помогне да стане членка на Европската Унија, изјави денеска во Софија бугарскиот технички премиер Димитар Главчев. 

-Бугарија е предвидлив партнер, лојален на ЕУ. Нема со што да ги изненадивме останатите земји-членки. Го поддржуваме проширувањето и европските перспективи на земјите од Западен Балкан. Доволно компромиси направивме со националниот идентитет. Република Северна Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ, изјави Главчев.

ДО 31 ОКТОМВРИ ЌЕ БИДАТ НАМАЛЕНИ ЦЕНИТЕ НА 73 ПРОИЗВОДИ

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување за ограничување на цените на 73 прехранбени производи кои се најзастапени во маркетите. Нивната профитна маржа се ограничува на 10 отсто во трговијата.

- Одлуката е донесена врз основа на индексот на трошоците за живот од Заводот за статистика во споредба со цените од декември 2023, објави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ЕСМ е државен производител на струја и една од компаниите со најголем број вработени лица во Македонија. За плати на речиси 4.500 вработени оваа компанија лани исплатила 56,56 милиони евра, а од продажба на струја заработила 288 милиони евра

ТАВ Македонија во моментов работи на мастер план за развој на авиосообраќајот во Македонија за наредните 20 до 30 години и се очекува кон крајот на октомври тој да биде презентиран пред Владата.

фото Вангел Тануровски 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ЈА ФИНАНСИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД „ВРЕДИ“: Почнува со реализација Албанската академија на науки

ЌЕ ЈА ФИНАНСИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД „ВРЕДИ“: Почнува со реализација Албанската академија на науки

Бербок до Муцунски: ЕУ засега одлучува само едногласно

Бербок до Муцунски: ЕУ засега одлучува само едногласно

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА