05 Декември, 2025
0.1318

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството го проверува работењето на „Комунална хигиена“

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2025 22:11

Добивај вести на Viber

OJO ГО ПРОВЕРУВА РАБОТЕЊЕТО НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

Скопското обвинителство обезбедува докази за евентуално сторено кривично дело во ЈП „Комунална хигиена“, воедно го проверува и работењето на претпријатието, соопштија од обвинителството.

„Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело. Јавниот обвинител издаде наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба, велат од ОЈО.

Претходно, вонредни надзори врз работата на „Комунална хигиена“, побара и владата.

ДАНЕЛА АРСОВСКА СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА

Откако Влада побара од МВР да се испита случајот со ѓубрето и можен криминал во ЈП Комуална Хигиена, а ОЈО веќе најави deka ќе го проверува работењето на претпријатието, се огласи Данела Арсовска преку Град Скопје.

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш? Те велича  Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.

За ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ЗАМРЗНА ИМОТОТ НА БИЗНИСМЕНОТ МАРКОВСКИ

Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со бизнисменот Борче Марковски.

Сопственикот на „Марковски Компани“ е осомничен за злоупотреби со тендер во РЕК Битола за што беше поведена истрага на 9 октомври.

АПСЕЊА ВО ПРИЛЕП

Приведени се повеќе лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница.

„По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали во текот на утрешниот ден“, велат од ОЈО.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Младите кои студираат или работат во друга општина, се со поделени мислења за тоа дали на денот на изборите треба да заминат дома и да го искористат гласачкото право. Некои тоа го прават, а другите велат дека не се задоволни, не се мотивирани и не сакаат да излезат на гласачките места. 

Седум месеци по пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 63 лица, Кочани излезе на избори. Гласаа 14.177 лица или 43,62 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список, со избор од шест кандидати - четворица партиски и двајца независни: Влатко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ, в.д. градоначалникот и независен кандидат Венко Крстевски, Игор Христов од СДСМ, независниот Зоран Тодоров, Жаклина Филипова-Свеќаровска од Левица и Даниел Глигоров од Единствена Македонија. 

Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ сведочат за хаосот во кој се наоѓа прептпријатието, откако неколку дена, повторно не се собира сметот во главниот град. Според изворот на Фактор, вработените не работат затоа што дел од нив не земаат плата, додека за нововработените пари има.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите