05 Декември, 2025
0.0253

КАКО ГЛАСАШЕ КОЧАНИ СЕДУМ МЕСЕЦИ ПО ТРАГЕДИЈАТА: Пет проценти помала излезност од 2021 година, втор круг за Грозданов и Крстевски

Објавено во: Анализа 21 Октомври, 2025 08:06

Добивај вести на Viber

Седум месеци по пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 63 лица, Кочани излезе на избори. Гласаа 14.177 лица или 43,62 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список, со избор од шест кандидати - четворица партиски и двајца независни: Влатко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ, в.д. градоначалникот и независен кандидат Венко Крстевски, Игор Христов од СДСМ, независниот Зоран Тодоров, Жаклина Филипова-Свеќаровска од Левица и Даниел Глигоров од Единствена Македонија. 

Во историски најниската излезност на прв круг од локалните избори, во Кочани, излезноста незначително помала за разлика од 2021 година. Годинава, во првиот круг гласале 43,62 проценти, додека во 2021 година, излезноста била за помалку од 5 проценти повисока - 48,38 отсто од запишаните гласачи. 

Во вториот круг продолжуваат Влатко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 5.641 глас или 39,79 проценти и Венко Крстевски, за кого гласале 3.394 лица или 23,94 отсто. 

Игор Христов од СДСМ е трет, со 2.444 гласови или 17,24 проценти, а по него е независниот Зоран Тодоров со 1.490 гласови или 10.51 процент. Жаклина Филипова-Свеќаровска добила 289 гласа или 2,04 отсто, Даниел Глигоров добил 107 гласови или 0,71 процент.

Во советот пак, влегуваат осуммина од ВМРО-ДПМНЕ, четворица независни предводени од Благица Сабовљевиќ Стоименова, тројца од СДСМ, двајца независни предводени од Влатко Здравков, еден од ЗНАМ, како и независниот Аќи Акиов.

Еве ги сите имиња на советниците: 

1. Александар Андов (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

2. Лазо Митев (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

3. Марија Анаијева (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

4. Александра Соколова (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

5. Љубчо Ѓорѓиевски (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

6. Петар Медарски (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

7. Милена Јанева (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

8. Гоце Димитров (9. Коал. ВМРО - ДПМНЕ)

9. Благица Сабовљевиќ Стоименова (73. ГИ Б.С.СТОИМЕНОВА)

10. Никола Крстев (73. ГИ Б.С.СТОИМЕНОВА)

11. Иван Мишев (73. ГИ Б.С.СТОИМЕНОВА)

12. Филип Цветанов (73. ГИ Б.С.СТОИМЕНОВА)

13. Александра Коцева (5. Коал. СДСМ)

14. Ивиза Лазаров (5. Коал. СДСМ)

15. Сашко Иванов (5. Коал. СДСМ)

16. Влатко Здравков (85. ГИ В.ЗДРАВКОВ)

17. Мануела Саидова (85. ГИ В.ЗДРАВКОВ)

18. Суад Мехмед (2. ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ)

19. Аќи Акиов (98. ГИ А.АКИОВ)

Во 2021 година пак, се бираше помеѓу Николчо Илијев и Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ - двајцата осомничени за пожарот во Пулс во Кочани. Во првиот круг, Илијев доби 7.963 гласови, а Папазов 7.490 гласови.

Тогаш имало 497 неважечки ливчиња, за разлика од годинава, кога имаше 812 поништени гласачки ливчиња. За советници пак, годинава биле поништени 875 ливчиња.

Во сенка на пожарот, партиите не правеа огромни трибини во Кочани - имаа затворени средби со своите поддржувачи, без шетање низ градот и големи ветувања. 

Александар Тодески

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?