ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oд коронавирусот починаа 35 луѓе, меѓу кои и 28 годишен охриѓанец
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Април, 2021 19:41
УШТЕ 35 ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, а регистрирани се 734 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 313, Битола – 75, Куманово - 46, Прилеп – 38, Тетово – 36, Велес – 34, Гостивар – 26, Охрид – 24, Струмица – 22, Кавадарци – 19, Штип – 17, Кочани – 14, Гевгелија и Виница – по 10, Кичево и Неготино – по 9, Ресен – 8, Берово – 4, Радовиш, Делчево и Валандово – по 3, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 621 оздравени пациенти од:
Скопје – 330, Кавадарци – 40, Велес – 37, Тетово – 29, Штип – 25, Неготино – 21, Гостивар – 19, Битола – 18, Гевгелија – по 14, Куманово и Кочани – по 13, Демир Капија – 10, Пробиштип и Кичево – по 9 , Свети Николе – 8, Берово – 7, Пехчево – 6, Ресен – 4, Богданци – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Виница и Демир Хисар – по 1 .
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 12 од Скопје ( 87г , 84г , 81г , 80г ,77г , 75г , 74г , 72г , 72г , 70г , 70г , 61г ) , 6 од Битола ( 88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г) , 4 од Охрид ( 78г, 75г, 73г и 28г ), - по 2 од Гевгелија (75г и 64г) , Куманово (73г и 60г) , Демир Капија (83г и 63г) и Кичево (78г и 68г) и – по 1 починат од Гостивар (77г) , Кочани (79г) , Виница (72г) , Велес (67) и Радовиш (49г). Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК ПОЧИНА ОД КОРОНА
Поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев почина од Ковид-19.
Димитриев во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Тој беше на 63 годишна возраст. Оваа информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.
Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје. Таман бил малку подобар, нагло му се влошила состојбата па починал.ВОЗ ПРЕГАЗИ МОМЧЕ КАЈ ВЕЛЕС
Возoт кај Велес усмрти младо момче.
Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат за МИА од СВР Велес.
Од Службата за итна медицинска помош, како што информира началникот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И. од Велес.СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА
Застој има на дел од патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион.
Обилните снежни врнежи предизвикаа застој на дел од патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион. Застој е регистриран на регионалниот пат Пехчево – Делчево. Да се внимава на потегот од село Тработивиште до село Панчарево, каде има појава на одрони. Врнежи од снег и снежна покривка има во во Дебар.
Во дебарскиот регион има снежна покривка.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





