ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од Ковид 19 починаа четири луѓе, за Велигден четири дена во карантин
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Април, 2020 19:56
ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУС
Во изминатото деноноќие се потврдени само 26 нови случаи на Ковид 19. Во Скопје се регистрирани само четири, а најмногу има во Куманово - вкупно 11. Останатите се 4 од Тетово, 3 од Прилеп, 2 од Велес и по еден од Кочани и Пробиштип.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).
Бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти, додека излекувани до сега вкупно се 44.ЗА ВЕЛИГДЕН ЌЕ БИДЕМЕ ВО КАРАНТИН
Забрането движење за време на следниот викенд вклучително и понеделник - одлучи Владата на денешната седница. Впрочем полицискиот час почнува од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот. Во тој период се забранува движењето за сите граѓани, објави премиерот Оливер Спасовски
Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
Во понеделник, 20 април, за овие лица има целосна забрана.
ЗАВРШИ КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА
Се укинува кризната состојба за двете општини во Западна Македонија, Дебар и Центар Жупа.
Во овој дел од Македонија веќе 10 дена нема нови дијагностицирани со Ковид 19.
Кризната состојба беше воведена на 13 март, но денес Владата одлучи дека не е потребно продолжување.
Имаше вкупно 49 инфицирани, од кои 16 се излечени, 4 се починати, а за 8 се чекаат резултатите од второто тестирање.
29 пациенти се на домашно лекување.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Цементарница УСЈЕ е една од најуспешните домашни компании, а годинава на располагање на акционерите се ставени 21,6 милиони евра со можност да бидат распределени како дивиденда.
Сточарите во Македонија се разочарани од цената за откуп на јагнето.
Велат дека 100 денари по килограм е цена која е неисплатлива.Ако се сочува стабилноста на банките, тие, заедно со државата, ќе ја консолидираат здравствено-економската криза.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





