22 Август, 2024
0.0259

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството кај „Мавровка“ доби 30 дена притвор

Објавено во: Македонија 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“ ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

Од Основен кривичен суд Скопје велат дека постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид, како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ „Мавровка“, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

„Согласно решението, притворот се определува заради постоење на основите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание брз сведоци и Повторување на делотот. Против ова решение, странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд“, велат од Основен кривичен суд скопје.

Убиството е извршено со умисла и од користољубие. 

Еден од осомничените за помагање на убиството кај ТЦ „Мавровка“, по кого интензивно трагаше полицијата, попладнево сам се предаде во ПС Кисела Вода.

АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ИМАЛА ПЛАН

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вечерва во гостување за Сител изјави дека во Владата на средбата предложила краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. 

„Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план“, рече таа за премиерот Христијан Мицкоски. 

Вели дека понудила да се набават нови автобуси и се пофали дека градот е финансиски консолидиран. Taa рече дека требало на гостување да се соочи со министерот за локална самоуправа Златко Перински. 

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ЈА ПОДДРЖАТ ИНТРЕПЕЛАЦИЈАТА НА ГАШИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против претседателот на Собранието, Африм Гаши, кого изминатиот период го следеа неколку дискутабилни потези.

Според она што го одговори Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат поранешниот претседател на Алтернатива затоа што е подобра во својата работа од претходниот спикер Талат Џафери.

- Начинот на кој што ги води седниците е голема разлика во однос на неговиот претходник, рече Мицкоски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Вирусот на мајмуни сипаници прв пат е откриен во 1958 година, кога се случиле две епидемии на болест слична на сипаници во колонии на мајмуни чувани за истражување. И покрај тоа што првично бил наречен „мајмунски сипаници“, изворот на болеста останува непознат. Научниците се сомневаат дека африканските глодари и нечовечките примати (како мајмуните) може да го зачуваат вирусот и да заразат луѓе.

По пет години на директорската функција во Здравствен Дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски денеска е разрешен, дознава Фактор. На негово место ќе дојде кадар на Африм Гаши, односно тој е од редовите на Алтернатива. Изворите на Фактор брифираат дека тој е досегашен советник во Општината Бутел и дека по професија не е лекар.

Полека но сигурно браќата Пецовски ги засилуваат своите акционерски позиции во фармацевтската компанија „Реплек“. Тие купуваат по помал број на акции на Берзата од ова акционерско друштво, но веќе нивниот заеднички капитал се доближува до 19 проценти.

Австриската компанија за игри на среќа „Макотен“ ќе отвора уште едно казино под брендот „Фламинго“ - овој пат во Охрид во комплекс хотел Голден Бич. Со тоа Охрид ќе го добие своето прво „оригинално“ казино, затоа што досегашните беа исклучиво електронски.


Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ СНИМКА: Ова е уапсениот за убиството кај „Мавровка“

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ СНИМКА: Ова е уапсениот за убиството кај „Мавровка“