22 Август, 2024
0.0358

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

Објавено во: Македонија 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека собранискиот спикер Африм Гаши на приватното патување во Косово, иако е втор човек во државата, побарал да се намали нивото на безбедност за да има повеќе приватност. 

Сепак, како што кажа,  тоа не му било дозволено заради протоколите.

„Прво, се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг. Имам разговарано и со Гаши и со претходниот претседател на Собрание и со Јован и со Талат, многу работи сакаат да ги нема во секојдневниот живот, значи тоа се работи за деца и за жената. Значи, постојано се под строг надзор, строго обезбедување пришто се губи приватноста, посебно кај децата. Но, заради тоа што е втор човек во државава и покрај тоа што побарал да се намали тоа ниво на безбедност, да има повеќе приватност, не е дозволено заради протоколите. И тој е многу среќен за такво ниво на безбедност и опкружување со безбедносни сили. Побарал значи тоа да се скрати. Но, не може да ги промени тие протоколи што се за безбедност, бидејќи тука државата одлучува, а не индивидуално“, рече Меџити во вечерашното гостување на „Вести плус“ на Телевизија Канал 5.

Со денови се говори во јавноста затоа што Гаши со службено возило отишол по невеста на Косово, а потоа се дозна дека дел од поворката не ни поминала на пасошка контрола. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството кај „Мавровка“ доби 30 дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството кај „Мавровка“ доби 30 дена притвор

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ СНИМКА: Ова е уапсениот за убиството кај „Мавровка“

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ СНИМКА: Ова е уапсениот за убиството кај „Мавровка“