21 Август, 2024
0.0268

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ СНИМКА: Ова е уапсениот за убиството кај „Мавровка“

Објавено во: Македонија 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

СВР Скопје целосно го расчисти убиството пред трговскиот центар Мавровка.

СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство" и „убиство во обид“, кои беа извршени вчера на паркинг просторот позади трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на ул.„Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

Имено, по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови беше фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје.

Веднаш потоа, од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје беа извршени увиди на местата, беа извршени разговори со сведоци како и претреси во домови на неколку локации, беа прегледани видео записи и беше извршена претрага на терен за обезбедување на материјални докази како што се возила, пиштол, чаури и други одземени предмети. Од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР извршено е вештачење на чаури и пиштол со кое вештачење се поврзуваат двете кривични дела со сторителот Е.К.

По обезбедување на целокупниот доказен материјал, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против Е.К. поднесе кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” казниво по член 123 став 2 точка 4, кривично дело „убиство” во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” казниво по член 396 од Кривичниот законик.

За второто лице кое беше лишено од слобода вчера до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен, а се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање и на уште едно инволвирано лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело “Убиство“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството кај „Мавровка“ доби 30 дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството кај „Мавровка“ доби 30 дена притвор

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба