ФАКТОР НА ДЕНОТ: Останува да се организираат свадби, нови рестрикции нема
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јули, 2021 19:57
НЕМА НОВИ АНТИ КОВИД МЕРКИ
По благиот пораст на новозаразени со корона вирусот во Македонија, Комисијата за заразни болести денеска разговараше за актуелната епидемиолошка состојба. Фактор дозанава дека на состанокот било заклучено дека не се потребни нови рестрикции во овој момент, но дека е многу важно да се стави акцент на имунизацијата. Иако првично се најавуваше дека е можно да се забранат семејните веслби во затворен простор тоа засега нема да се случи.
„Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид 19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба.
ЗА 24 ЧАСА ИМА 9 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од новозаболените од Скопје се четворица, Тетово исто така четворица, а од Кичево еден.
Регистрирани сe 53 оздравени пациенти, а нема починати пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.По неполн месец Гевгелија е градот кој се врати на ковид картата во земјава.
1.800 ДЕЦА ДОБИЈА ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА
Во трите поликлиники во Скопје, „Букурешт“, Јане Сандански“ и „Чаир“, од денеска почнува имунизацијата на младите на возраст од 12 до 16 години.
-Термините за децата почнуваат од 8.00 часот на пунктовите во овие здравствени установи. Лекарските тимови се од постоечките вакцинални пунктови кои имаат искуство со имунизација на деца. Досега, на ниво на целата земја се пријавени 1.800. По насоките на Комитетот за вакцинација, сите деца ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер/БиоНТек, вели за Фактор, директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски.
Освен тоа, Исјановски посочува дека сите пунктови и понатаму остануваат отворени и продолжуваат со вакцинација на сите категории граѓани без закажан термин.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





