20 Декември, 2025
0.0549

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осум дена притвор добија три лица поради уништување на државното знаме

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 21:43

Добивај вести на Viber

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО ПРИТВОР ПОРАДИ ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

Осумдневен притвор добија тројца од осумте приведени лица кои го уништуваа македонското знаме. 

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и одреди осумдневен притвор за тројца од лицата кои го уништуваа македонското знаме. Одлуката е образложена со „опасност од бегство и повторување на делото“.

Приведените лица се сомничат за кривичното дело од член 319, став 1 од Кривичниот законик, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме. Доцна попладнево, тие со полициска придружба беа спроведени во Кривичниот суд.

ОСУДИ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ

Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образувала, вложувала во тебе е злосторство, велат од ЗНАМ на Максим Димитриевски. 

Oд Левица велат дека власта потфрлила иако имала информации за дестабилизација. 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме.

Спикерот Африм Гаши вели дека газењето на туѓо знаме е спротивно на државните интереси. 

ВО КУМАНОВО ОШТЕТЕНИ ВОЗИЛА И ТАБЛА НА СРПСКИОТ КОНЗУЛАТ

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи направени синоќа во Куманово при славење на Денот на албанското знаме, луѓето ја пцујат Србија. Шест автомобили се оштетени. 

Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера, 28 ноември 2024 година, кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово на чело со почесниот конзул, во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово - Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик

СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ИЗГЛАСАА ЗАКЛУЧОКОТ

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За Нова година на охридското крајбрежје ќе има гости од соседните земји. Новата година во земјава ќе ја дочекаат туристи од Бугарија, Србија, Грција, мал дел и од Албанија. За празниците, како и претходните години, се очекува и голем дел од нашинците кои живеат и работат во странство да дојдат во земјава.

Менаџментот на задолжителниот отворен пензиски фонд на „Сава“ направи деловен потег со кој во еден ден ги збогати сметките на своите членови за 3,5 милиони евра. Добротворите на сегашните и идни пензионери на „Сава“ платија 6,57 милиони евра сите акции на пензискиот фонд во „Македонијатурист“. Со овој деловен потег идните пензионери на фондот на „Сава“ во еден ден заработија односно направија капитална добивка од 120% во однос на цената по која ги купија акциите во хотелиерската компанија

Нема производ или услуга која во изминативе две години не добила повисока цена. Од хранливите производи како јајцата, млекото, брашното, месото, месните производи, но и многу услуги од 2021 година наваму постојано поскапуваат. Ова го покажува годишникот на Државниот завод за статистика, каде што има огромна листа на производи кои се користат во секојдневието и кои поскапувале секоја година.

Македонците годинава или биле малку побогати, или решиле повеќе да инвестираат во својот возен парк, или, пак, едноставно тоа го правеле државните институции и приватните компании.

Магна Мирорс, канадската компанија за производство на ретровизори и поврзани системи, ги има најдоброплатените работници во споредба со сите други странски инвеститори кои се поголеми вработувачи во технолошко-индустриските развојни зони.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки