ФАКТОР НА ДЕНОТ: Отворањето на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов се уште е топ тема, има бројни реакции
Објавено во: Македонија 18 Април, 2022 21:31
НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВАНЧО МИХАЈЛОВ ВО БИТОЛА
Отворањето на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов во Битола се уште е топ тема.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја повика Европската унија(ЕУ) да стави крај на фашизоидните и хегемонистички намери на нашиот источен сосед.Срамна и нечесна е изјавата на Јотова, вели Стојко Стојков од ОМО Илиден Пирин.
ПЕНЗИОНИРАН ПОЛИЦАЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СПАСОВСКИ
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка.ШТРАЈКОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ПРОДОЛЖУВА
Како што и се очекува, почна „војна на социјалните мрежи“ поврзана со штрајкот на професорите, наставниците и воспитувачките, организиран од СОНК и нивниот лидер Јаким Неделков.
Пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ на социјалните мрежи објави прашање: Дали е точно дека Јаким Неделков од СОНК зема плата од 68.918 денари?ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




