05 Декември, 2025
0.1849

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Оздравени 111 заразени од Ковид 19, а во училишните клупи нема врќање до 10 јуни

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Април, 2020 20:44

Добивај вести на Viber

НОВИ 111 ОЗДРАВЕНИ И 4 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА

Денеска се регистрирани 111 оздравени пациенти, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција. 

Вели дека денес за прв пат имаме повеќе оздравени отколку активни случаи. 

Регистрирaни се четири смртни случаи. 

Се работи за луѓе од Скопје, Гостивар, и две лица од кумановско Лопате и од Горно Којнаре. 

Има потврдени 23 нови случаи на Ковид 19, соопшти министерот. 

„Утрово разговараме на Комисијата за заразни болести, и констатацијата е дека се намалуваат индикациите за тестирања, како во пунктовите и во приватните лабаратории, и ова оди во насока на стиштување што го очекувавме во овој период“, вели Филипче. 

Додаде дека има протоколи изготвени за јавен превоз, работа на фабрики, и други субјекти, и тие ќе бидат презентирани идната недела. Со ова ќе олабавуваат мерките постепено. 

Денес за прв пат е екстрахирана плазма од двајца пациенти и таа ќе биде аплицирана на други пациенти. 

НЕМА ВРАЌАЊЕ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ ДО 10 ЈУНИ

Владата усвои сет мерки за непречено одвивање на образовниот процес, вели министерот за образование и наука, Арбер Адеми. 

Се укинува државната, училишна матура и завршниот испит за оваа година. 

„Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование, и таа ќе има важност, како и сите други дипломи од претходните години“, додаде министерот.

Учениците од основните и средните училиште не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни, процесот ќе се одбива преку далечинско учење.

Уписот на првачиња почнува во јуни, а списоците за запишани ученици во средните училишта ќе бидат готови до 15 јули. 

НАСИЛНИЦИТЕ ОД ШТИП ДОБИЈА ПО ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР

Двајцата насилници кои објавија видео во Штип како тепаат 21 годишна девојка во влез на станбена зграда денеска се првостепено осудени на две и пол годишна казна затвор.

Пред два дена тие ја признаа вината по што веднаш беше закажано рочиште за објавување на пресудата

Настанот се случи во месец јануари, но видео снимката беше објавена на социјалните мрежи на 2 април, по што полицијата веднаш ги лоцираше момчињата, а судот во два наврати на барање на обвинителот им определи мерка притвор. 

Двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години беа обвинети за насилство и се притворени во затворот во Куманово.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Недисциплинираноста на населението, враќањето на гастарбајтерите од странство во родниот град и чекањето на резултатите од тестирањето за Ковид 19, по 5 дена на почетокот на епидемијата, според Фатмир Асани, претседател на Здружението на матични лекари Куманово, доведоа до тоа брзо да порасне бројот на заразени во Куманово.

Се вратија дома затоа што во Германија веќе немаше работа за нив - градежните работи таму престанаа, а немаше надеж дека ќе има скоро обвновување. 

Со затворањето на аеродромите стравот стануваше поголем па многу од македонските работници кои заработуваа во странство сега се дома.

Со олабавување на мерката за користење државна помош за фирмите, односно со олеснување на критериумите, Владата можеби им излезе во пресрет на коморите, но допрва ќе мора да им објаснува на синдикатите како тоа си дозволи да прифати компаниите што ќе земаат државни субвенции, да имаат право и да отпуштаат вработени.

Пациентите со најтешка клиничка слика болни од коронавирусот, по примерот на останатите земји кои прават максимални напори во лекувањето на заразените, почнаа да ги лекуваат, освен со крвна плазма, и со уште една крвна метода, односно озонотерапија.

Тоа што на запад е корпоративно правило и синоним за успешност на менаџерите кај нас уште е табу тема – висината на платите на најангажираните лица во компаниите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија