27 Јули, 2024
0.0360

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

ПАЛЕВСКИ НЕГИРА ВИНА ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, при спроводот во Кривичен суд попладнево изјави дека не ги сторил убиствата. Прашан од „Скопје1“ дали за тоа има докази – рече: „да“.

Тој не одговори какви докази поседува. Пред судијата на претходна постапка нема да се брани со молчење.

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ГЕОРГИЕВ

Обвинителството бара мерки на претпазливост за Иџет Мемети.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за второосомничениот член на Советот на јавни обвинители во врска со случајот за примање поткуп во кој осомничен е и врховниот судија Наќе Георгиев кој попладнево беше изведен пред суд за да даде исказ во врска со предлогот да му биде определена мерка притвор.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и на врховниот судија му определи мерка 30 дневен притвор.

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА Е НЕШТО НАД 1.000 ЕВРА

Благ пад на месечните трошоци за семејства регистрираше Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ). Како што објавија, синдикалната минимална кошница за месец мај повторно надминува 60 илјади денари, но сепак, е за 122 денари помала отколку онаа за месец април. 

- Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари - информираат денеска од ССМ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

АД ЕСМ е компанија со најголема добивка остварена во 2023 кај компаниите чија приоритетна дејност е производство на електрична енергија, додека ЕВН Хоме има најголем профит кај трговците со струја, односно оние што ја продаваат на крајниот потрошувач.

Многу битна вест денеска преку Берзата стигна до акционерите на успешната хотелиерска компанија „Македонијатурист“.

Доне Таневски, поранешниот долгогодишен директор и сегашен претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ е купувачот на двата пакети акции кои во текот на минатата недела поминаа преку блок трансакции на Македонската берза, а за тоа компанијата тукушто ја извести инвеститорската јавност. 

Сто и триесет илјади евра за 454 акции. Толку платил некој инвеститор вчера преку берзанска блоктрансакција, за да се стекне со овој акционерски пакет на најголемата банка во земјава, Комерцијална банка.

Иако тоа се очекуваше, денешниот понеделник не донесе одговор на прашањето кој во петокот, но и пред еден месец, купи поголема количина акции од „Македонијатурист“, одлична хотелиерска компанија која има солидни резултати, и која, како што се покажува на берзата, станува се поинтересна за инвеститорската јавност.

Има поголем пораст на граѓани, поединци и семејства кои имаат потреба од помош за обезбедување храна. Од Банка за храна Македонија велат дека од ковид пандемијата наваму има зголемување на луѓето кои имаат потреба од ваква помош.

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август