ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет нови починати, а родилката oд Куманово со влошена состојба
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020 20:22
НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ
Пет пациенти се починати, од Куманово, од Лабуништа, Челопек, Штип, изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Влошена е и состојбата на родилката од Куманово, вели министерот.
Во Штип има хоспитализирани луѓе со лесна, но и со потешка клиничка слика.
„Остваривме посета во болницата во Куманово со државниот секретар и претставници на Институтот за јавно здравје, со оглед на тоа што 18 здравствени работници се заразени“, вели Филипче.
Инфективното одделение во кумановската болница е погодено од заразата.
Од болницата му било соопштено дека имаат доволно заштитна опрема.
„Нема друго одделение ко ее компромитирано“, рече министерот.
Дијагностицирани се 29 нови, и сега имаме 599 заразени во државата.ГУЖВИ ПРЕД БАНКИ И МАРКЕТИ
Во главниот град денеска беа забележани неверојатни гужви. Раздвиженоста на граѓаните е зголемена, пред утрешното воведување на рестриктивните мерки за движење, кои ќе почнуваат од 16.00 часот.
Пензионерите побрзаа да си ги земат пензиите, така што пред банките Фактор регистрираше цели редици од луѓе.
Никаде имало и инциденти па интервенирала и полицијата.ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ
Новото намалување на бензините доведе до најниски цени во последниве две години. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од синоќа на полноќ цената на 1 литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48.00 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи по 50,00 денари за литар.
РЕК одлучи, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), да се намали за 1,00 денар, со што дизелот од синоќа на полноќ се точи по 45.00 денари за литар.ПОПЛАКИ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ
Угостителите нема да ги користат олеснителните мерки на Владата, зошто според нив тоа ќе значи понатамошно задолжување, кое нема да можат да го издржат. Побараа од Владата, парите кои се наменети за нив да ги потроши на работниците, нагласувајќи дека од почетокот на кризата до сега, угостителите биле приморани да отпуштат од работа дури 15.000 луѓе.
На денешната прес-конференција на Туристичко угостителската комора на Македонија, бепе истакнато дека владините сет мерки се несоодветни, нецелосни и неразбирливи и побараа конкретни мерки кои ќе им ги покријат загубите од неработењето.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Откако опасниот коронавирус се прошири во Куманово, се бара и маска повеќе.
На улиците многу ретко се случува да се сретне граѓанин кој не носи маска.
Освен што можат да се купат во аптеки, маски нудат и жени кои дома ги шијат, а потоа ги продаваат на граѓаните по нарачка.Реномираните банки и меѓународни институции веќе почнаа да ги прават новите прогнози за тоа колку ќе паднат светските економии како последица на кризата предизвикана од коронавирусот.
Огромен пад на европските економии предвидува британската ХСБЦ банка.Владината Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, каде што новините всушност се однесуваат на користењето на деновите од годишниот одмор од 2019 година и 2020година, го затече Синдикатот, а и голем број од работниците во приватниот сектор.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија за Фактор велат дека новата Уредба за нив е нејасна и не е прецизна.Богослужби и Свети Литургии ќе има но ќе се одржуваат со неколкумина служители и со малку верници.
Големиот христијански празник Велгиден оваа година ќе се празнува поразлично.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





