05 Декември, 2025
0.0373

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет нови случаи на делта сојот, заразените се од Скопје, Тетово и Куманово

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Јули, 2021 19:28

Добивај вести на Viber

НОВИ ПЕТ СЛУЧАИ НА ДЕЛТА СОЈОТ ИМА ВО ЗЕМЈАВА 

Три случаи има во Скопје и по еден во Куманово и во Тетово кај кои е детектирана делта варијантата соопшти денеска министерот за здравство венко Филипче.

Кај овие лица, како што истакна Филипче, делат сојот е детектиран во текот на последнава недела, но потенцираше дека во земјава има и други мутации на корона вирусот.

Филипче уште еднаш упати апел што поголем број граѓани  да се вклучат во процесот на имунизација за да се избегне втор бран наесен, за кога се можни и рестрикции во случај да дојде до влошување на епидемилошката состојба во државата.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: 

Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: 

Скопје – 8, Тетово – 4,Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1. 

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1. 

Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56г) во болнички услови. 

НАЈМНОГУ ВАКЦИНИРАНИ ИМА ВО КАВАДАРЦИ, ОХРИД И ГЕВГЕЛИЈА

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните. 

Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%. 

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна: 

Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%; Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и Гостивар 17,8%; 

СДСМ СО СВОЈ КАНДИДАТ ВО ТЕТОВО ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Премиерот Зоран Заев денеска по посетата на ТОАРИЛУЦ, одговарајќи на новинарско прашање за кандидатите за градоначалници за Тетово истакна дека е логично секоја од партиите од коалицијата да оди со свој кандидат за во вториот круг, кога би останала една владејачка и една опозициска партија, да се поддржи кандидатот од владејачките партии.

-СДСМ ќе го поддржи СДСМ. Прво ги имаме трите коалициони партнери кои што сигурно настапуваат со свои кандидати. Нашето општинско раководство вели дека и ние треба да настапиме, дел од анкетите ни кажуваат дека спаѓаме во првите три партии на локално ниво. Секако, локалните избори се избори на личност и ако навистина се мотивира вистински кандидат или кандидатка, вредно е да размислиме.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бројни истражувања изминативе години покажаа дека македонските граѓани сакаат земјава да биде дел од Европската Унија, но се сложуваат дека менталитетот не ни е европски, и дека треба да се искоренат лошите навики, фрлањето отпадоци на јавни површини, сообраќајната некултура, а општествената одговорност, дисциплинираноста, почитувањето на законите  да бидат на едно повисоко ниво.

Нема да застане овде - бизнисменот Зоран Азманов за Фактор вели дека планира да купи до 25 отсто од акциите на Реплек. Тој веќе влезе меѓу акционерите кои имаат над пет отсто од акциите со право на глас во фармацевтската компанија. 

Централниот регистар досега во повеќе наврати успеал да издејствува поништување тендери на кои се јавил „Таргет груп“, а ги распишале државни институции за набавка на податоци. Државните институции експресно ги поништувале тендерите откако Централен регистар ќе извести дека „Таргет груп“ не смее да препродава нивни податоци!

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите