ФАКТОР НА ДЕНОТ: Починаа кумановец и прилепчанец, има нови 49 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Април, 2020
ДВАЈЦА ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОМПЛИКАЦИИ НА КОРОНАВИРУСОТ
Потврдени се 49 новозаболени пациенти со коронавирус, две лица починаа.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76г.), соопшти Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.МАКЕДОНИЈА Е ВО КАРАНТИН
Македонија два дена е во карантин.
Полицискиот час трае 24 часа, односно почна од вчера од 16 часот, и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.
Ова е мерка со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 79 лица не ја почитувале забраната за движење.
Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.СЕ ИСТРАЖУВА СМРТТА НА МАЈКАТА И СИНОТ ВО ВЕЛЕС
Се проширува истрагата за починатите мајка и син во Велес.
Во истрагата се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје.
За случајот ќе биде информирана и Светската здравствена организација.
Ова го соопшти Министерството за здравство.
Во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус.
Треба да се утврди кога таа починала.МИНИСТРИ, ПРАТЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ ЌЕ ЗЕМААТ МИНИМАЛЕЦ
Владата ја донесе Уредбата за определување минимална плата од 14.500 денари за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори и сите други избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор.
Ова е Уредба со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Не знам од каде сум се инфицирал, природата на мојата професија е таква, со многу голема фреквенција на луѓе, вели кумановецот Дејан кој е заразен со коронавирусот.
Овој човек откако дозна дека е позитивен, ги информирал луѓето кои биле во контакт со него да реагираат и да побараат помош доколку имаат симптоми.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.