ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за локалните избори, Црвенковски испрати неколку политички пораки
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Септември, 2021
ПОЧНА КАМПАЊАТА
Додека во Државната изборна кампања течат подготовките за претстојните избори, од денеска партиите ја почнуваат изборната кампања и рекламирањето кое ќе трае до 15 октомври на полноќ. Во овој период тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за следните четири години.
Изборите ќе се одржат на 17 октомври во недела. Ден пред одржувањето на изборите, ќе гласаат старите и изнемоштени лица и затворениците, како и лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 како и оние кои се во самоизолација.
Кампањата, сепак неофицијално, е во полн ек, а власта и опозицијата преку различни активности настојуваат да ги придобијат гласачите. Започнување на изградба на проекти и нивно пуштање во употреба е забрането, но особено од партиите на власт велат дека увидот на терен не е забранет, ниту пак, разни трибини, средби со граѓаните и тн.ЦРВЕНКОВСКИ ИСПРАТИ НЕКОЛКУ ВАЖНИ ПОЛИТИЧКИ ПОРАКИ
Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Македонија, обраќајки се на свечениот собир на МАНУ за јубилејот од формирањето на современата македонска држава, рече дека една од неговите грешки била тоа што не ги заштитил работниците-акционери во транзицијата пред 30-тина години од притисокот на менаџерите на претпријатијата.
„Транзиција во негативна смисла се сведува на негативен призвук. Во Југославија се донесе одлука да се напушти социјализмот и да се гради капитализмот, некои претпријатија одлучија мнозински да се приватизираат уште додека бевме во рамките на Југославија по законот на Анте Марковиќ. Сите вработени со големи попусти и рати да станат сопственици на акции во своите фирми. Тоа изгледаше праведно. За жал многу често тоа не беше случај. Во многу претпријатија под притисок и уцена да не ги заагубат своите места, ги отстатпуваа своите акции на менаџерите, а ние не создадовме механизми за заштита.ПЕНДАРОВСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА СПОРОТ СО БУГАРИЈА
Според мое мислење, во 1991-та година, воопшто не беше сигурно дека ќе биде формирана независна македонска држава, рече претседателот Стево Пендаровски на свечениот научен собир „Современата македонска држава - две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991/1991-2021 година”. Научниот собир се одржа во организација на Македонската академија на науките и уметностите, во соработка со Институтот за национална историја, а под покровителство на шефот на државата.
Според Пендаровски, ова се дел од фактите: во 1991-та, за политичката рамка на меѓуетничките односи како клучна оска на стабилноста, не постоеше согласност меѓу Македонците и Албанците, нашите соседи воопшто не беа воодушевени од осамостојувањето на Република Македонија, Соединетите Американски Држави во таа година сеуште беа за зачувување на Југославија во истиот формат, а клучните европски држави не ја признаа нашата независност, наспроти позитивното мислење на тн. комисија на Бадинтер која самите ја формираа.ДЕНЕС ИМА 112 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 419 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Куманово – 46, Струмица – 27, Кавадарци – 23, Штип – 20, Тетово – 18, Битола – 12, Дебар – 10, Валандово – 9, Свети Николе – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Велес и Кочани – по 6, Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово – по 4, Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Македонска Каменица и Македонски Брод – по 2, Охрид и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 7 починати лица од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.OД ДЕНЕСКА И ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД
Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години, и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина.
Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава.
Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем Мој Термин.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.