ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна масовната имунизација, се одбележуваат 118 години од загинувањето на Гоце Делчев
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Мај, 2021 20:12
ПОЧНА МАСОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА
По пристигнувањето на 200.000 кинески вакцини од компанијата Синофарм, од денеска во Македонија почнува масовната вакцинација на голем број пунктови во повеќе регионални центри, и тоа во Битола, Штип, Охрид, Кавадарци, Тетово, Куманово и Охрид. Дел од градоначалниците во текот на вчерашниот ден објавија дека вакцините се пристигнати во нивните градови и дека се распоредени на вакциналните пунктови.
-Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утре ќе започне масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини. Денеска пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување, напиша во неговата објава на Фејсбук, охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.СЕ НАВРШИЈА 118 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов попладнево го нарече Гоце Делчев голем бугарски револуционер и македонски војвода.
Тој попладнево на Фејсбук го пренесе својот став по повод 118 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев.
„Денеска се одбележуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одриснко. Нека неговата жртва биде пример за нас …, час побрзо да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечен му спомен!“, напиша Борисов.
Историчарите од двете земји на последната средба иако беше планирано, не зборувале за Делчев.
Делчев загина во селото Баница во Серско.
31 ПОЧИНАТ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопе – 28, Куманово – 8, Гостивар и Охрид – по 4, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип – по 3, Струга, Кичево и Ресен – по 2, Свети Николе и Кратово – по 1.
Регистрирани се 782 оздравени пациенти од:
Скопје – 267, Струмица – 151, Кавадарци – 54, Прилеп – 43, Битола – 40, Куманово -29, Валандово – 23, Штип – 22, Неготино – 15, Велес и Охрид – по 14, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Виница – 11, Тетово и Гевгелија – по 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Гостивар – 7, Кичево и Пробиштип – по 5, Демир Капија – 4, Радовиш, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Богданци и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Берово, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавено е вкупно 31 починато лице.
ОБВИНЕНИЕ ЗА ДЕРКОВСКИ И ТРОЈЦА ДРУГИ ОД ДИК
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија Оливер Дерковски и тројца вработени во комисијата, откако од некомпетентни оператори набавиле софтвер и телевизори за прикажување на резултатите од парламентарните избори на 15 јули 2020.
Обвинетите се товарат за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување" затоа што со две јавни набавки го оштетиле буџетот за 1 312 409 денари, односно не процениле дека операторот „Дуна“ нема компетентна понуда за софтверот за веб-сајтот, исто како и за компанијата „Тардис“ која набавила телевизори за приказ на резултатите иако не била ниту регистрирана како фирма во Бирото за јавни набавки.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





