20 Мај, 2024
0.0303

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна новата учебна година, ќе има и пролетен распуст

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

ПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Во споредба со претходната учебна година, стартот на оваа е поуспешен, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири прашан за оценка за почетокот на учебната 2023/2024 година со оглед на доцнењето на учебниците за шесто одделение и нејаснотиите околу спојувањето неколку предмети во ова одделение.

-Во период од една година успеавме во основното образование да одобриме и истовремено да печатиме и доставиме до училиштата повеќе од 50 наслови на учебници. За оваа учебна година ги завршивме сите постапки во рок од девет месеци од доставување на сите нови (наставни) програми за трето одделение, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово, кој денеска го посети заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

Министерот соопшти дека на 7 септември е наредниот состанок на Националниот совет за учебници и тогаш, рече, ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение кои чекаат на одобрување и потоа веднаш ќе се испечатат.

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА ГО БАРААТ НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ ЗА МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА

Ќе се дискутира за сите прашања поврзани со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Ова го вети министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на утринската емисија „Утро“  на КТВ - Кавадарци, каде зборуваше за актуелностите поврзани со пензиите. Таа истакна дека досега се реализирани средби со Сојузот на пензионери, со здруженијата низ градовите во државата, со претставници на иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат и  Партијата на пензионери.  

Министерката информираше и дека е формирана и работна група, каде претставници се од министерствата за труд и социјална политика и финансии, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Битиќи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Сојузот  на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва. Првиот состанок  е закажан на 6ти септември.

ПОЛИЦИЈАТА ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ГО ИМА ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦЕТО КОЕ ВЕЕШЕ ЗНАМЕ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

За неколку дена ќе го имаме идентитетот на лицето кое го вееше знамето на Голема Албанија, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Тој денеска изјави дека полицијата има прибрано добри оперативни сознанија во врска со лицето кое го вееше знамето на Голема Албанија во Тетово на пречекот на косовскиот премиер, Албин Курти. Одредени лица веќе се таргетирани и за неколку дена ќе го имаат идентитетот на лицето.

ПЕНДАРОВСКИ ВЕРУВА ВО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ ПРЕД 2030 ГОДИНА

Шефот на државата, Стево Пендаровски верува во членство во ЕУ пред 2030-та ако нема опструкции од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека е реално Македонија да стане членка на ЕУ во 2030, па дури и порано, доколку опозицијата го одблокира процесот. Според него, потврда за тоа се изјавите кои доаѓаат од блиските соработници на францускиот претседател Емануел Макрон и од врвот на Европската Унија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од овој месец банките би требало да ги информират граѓаните за новите опции при отворање сметка. Со законските измени, новина во нашиот банкарски систем е воведувањето на платежна сметка за основни функции.


Можеби ќе ве интересира

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода