ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна судењето за пожарот во Кочани, судијката вети правда
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 22:21
ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
Почна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 луѓе во март годинава.
Обвинителот Борче Јанев изјави дека денеска се бара одговорност по име и презиме, а општеството мора да се соочи со болната вистина и да извлече легитимни одговори за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не спречил, бидејќи, како што рече, се бара правда не како утеха или одмазда, туку како последица на незаконитост.
Рече дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на години институционален молк, пропусти и недостиг од контрола кои го претвориле клубот во „смртоносна стапица“.
ДЕЛ ОД РОДИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ПРАВАТ ОБИДИ НИВНАТА БОЛКА ДА БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА
На почетокот од денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, семејствата на загинатите повторно изразија длабоко разочарување од текот на постапката, оценувајќи дека адвокатите на обвинетите ја одолговлекуваат и манипулираат со процесот.
Таткото на починатиот Андреј Стојанов, еден од шеесетината млади кои го загубија животот во пожарот, изјави дека уште на самиот почеток забележале „скептицизам и веќе разработена шема“ меѓу одбраната.ПРЕЗЕНТИРАНО СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕТО ЗА ВЕАПОСКА
Супервештачењето во судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска покажало пропусти во постоперативниот период.
Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски рез на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар, на која по породувањето и беа отстранети три органи – матка, јајник и бубрег, покажале резултатите од супервештачењето од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Денес почнува судењето за најголемата трагедија во поновата македонска историја, за згаснатите 63 животи во Кочани, во импровизираната дискотека „Пулс“, кога пожар предизвикан од пиротехнички средства на 16 март ја обви земјата во црно.фото Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




