ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна учебната година, од ковид почина 15 годишно девојче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Септември, 2021
ПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА
1.Септември, прв училишен ден. По година и пол, учениците се вратија во училишните клупи. Но, пред да седнат, стојат во редот да им биде измерена температура, а заштитната маска убаво наместена преку устата и носот, е неизбежен дел од „свечено избраната гардероба“.
Така налага пандемијата на Ковид-19, така налага „новото нормално“. Сепак, среќата е повеќе од очигледна и кај децата и кај наставниците и кај родителите.
-Местото на учениците е во школите, секое одложување или учење од далечина е на новна штета. Но, во случај епидемиоолошката состојба да се влошува, има други решенија за да може образовниот процес да се одвива непречено, велат властите во Македонија.ПОЧИНА 15 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД КОВИД
Девојче кое имало само 15 години починало од ковид на Инфектиовната клиника во Скопје.
Ова девојче е најмлада жртва на ковид во земјава.
Од МЗ информираат дека девојчето претходно имало тегоби 10 дена, а 13 дена имало симптоми на болеста, пред да биде болнички лекувано.МЕРКИТЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА СЕ СО ЦЕЛ ДА НЕ БИДЕМЕ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА
Со новата мерка која Владата ја донесе вчера ,а стапува на сила од денеска, за излез од земјата каде било треба да се приложи негативен ПЦР-тест или сертификат дека лицето е прележано од Ковид-19, но само во последните 45 дена, доколку немате сертификат за вакцинација.
Владата дообјаснува дека оваа мерка се носи заради зголемување на имунизацијата и, како што вели прес-службата, да не се гледа на земјата како извозник на вирусот.
„Оваа мерка треба да биде придонес за масовната имунизација, како најсоодветен одговор за спречување на вирусот Ковид-19. Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот.
Треба да се земе предвид дека постапката за обезбедувањ доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен број европски и светски земји, која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и оваа мерка во голем процент вече и се спроведува“, рече денеска портпаролот Мухамед Хоџа.РЕАКЦИИ ЗА ИЗБОРОТ НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на последната понуда од страна на СДСМ за градоначалници на престојните локални избори, коментира дека кандидатот за Куманово, Оливер Илиевски, му е братучед на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија“, коментираат од најголемата опозициска партија.Членови на СДСМ од Радовиш запалија членски книшки и партиско знаме незадоволни од новиот кандидат за градоначалник.
Приврзаници на актуелниот градоначалник на Радовиш, Герасим Конзулов, поради незадоволството од изборот на новиот кандидат за градоначалник Коле Чаракчиев што беше промовиран од партијата СДСМ, се собраа на протест на кој го запалиле партиското знаме и членски книшки.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.