05 Декември, 2025
0.0963

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пописот заврши, Заев вели да се казнат оние кои одбиле попишување

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Септември, 2021 21:31

Добивај вести на Viber

ПОПИСОТ ЗАВРШИ, А ПРЕМИЕРОТ ВЕЛИ ДА СЕ КАЗНАТ ОНИЕ КОИ НЕ САКАЛЕ ДА СЕ ПОПИШАТ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека граѓаните кои одбиваат да се попишат, треба да бидат казнети. 

За тоа зошто не побарале да се продолжи рокот на регистрирање и што ќе биде се тие луѓе што не се попишани, Заев, наведе дека сите знаат како тече процесот на попишување, сите знаат дека внатре најголемиот број од податоците ги имаат од базите.

Заклучно со 29 септември во државата се попишани повеќе од  1.8 милиони граѓани. Процесот на попишување кој почна на 5 септември и завршува вечерва во 20:00 часот.

„Ова беше навистина сложена и тешка операција, која првпат се случува после 20 години и со нова методологија на Евростат и не на хартија, туку со компјутери и таблети“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“.

ИМА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИЈА ЗА СКАНДАЛОЗНИОТ КАМП

Јавното обвинителство дало насоки за расчистување на скандалозниот случај кој ја шокираше македонската јавност, по пријава од родител дека малолетници биле вклучени во непримерни активности во Извиднички камп во Скопје. 

Организаторите на извидничкиот камп во близина на Скопје се повикани на разговор во полициска станица, откако родител пријавил во МВР дека малолетни деца биле вклучени во непримерни активности.

Од МВР го известиле јавното обвинителство, од каде што, пак, дале насоки за расчистување на предметот.

ДИМИТРОВ МОЛЧЕШЕ 16 СЕКУНДИ

Ниту една земја не може да ни каже или диктира кој е нашиот идентитет и кој јазик го зборуваме, бидејќи не е добрососедство, ако тоа му се прави на својот сосед, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, во обраќањето на покана на претседателот на ПССЕ, Рик Даемс, што се одржа пред дискусијата за демократските предизвици и европските аспирации на Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа, Димитров зборуваше за европските интеграции на земјата, за жртвите кои ги направи и разочарувањата од блокадата и два пати повтореното вето на Бугарија

ДЕНЕС ИМА СКОРО 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од: Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес  и Тетово – по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш – 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Охрид и Пробиштип – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонските граѓани кога одлучуваат каде да купат недвижен имот, пресудно им е да инвестираат во имоти на места каде има вработување, училишта, градинки, добри услови за живот. 

Државните електрани на земјава ќе земат заем од 25 милиони евра, со кои ќе се градат фотонапонски електрани, а за него ќе гарантира државата. Кредитот ќе го одобри Европската банка за обнова и развој, а за изградба земјава ќе добие и инвестициски грант од ЕУ од пет милиони евра.

Вкупно 4.680 акции издадени од Комерцијална банка во неколку блок трансакции се продадоа месецов што поминува. Вредност на акциите истргувани во тие блокови надминува 45 милиони денари или 740 илјади евра

Иван Шилегов, синот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, ќе раководи со угостителска подружница во Ист Гејт Мол, најголемиот затворен трговски центар во Македонија кој треба да ги прими првите посетители следниот месец.

Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип