26 Ноември, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Последни подготовки за учебната година, денес имаме скоро 200 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

УТРЕ ПОЧНУВА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Во услови на пандемија предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19, утре официјално започнува новата учебна година во Република Северна Македонија. Согласно Планот и протоколите за организација кои ги подготвија институциите на системот во меѓусебна соработка и со поддршка на бројни засегнати чинители,  наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина. Ова денес на прес конференција го најавија министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со заменик министерот Арафат Шабани, продеканот на ФИНКИ Боро Јакимовски и координаторката за развој на Националната платформа за учење од далечина Александра Наќева Ружин.

Министерката Царовска потенцираше дека оваа година ќе биде многу поразлична од другите бидејќи, како што рече, пандемијата предзвика тектонски промени во нашите животи, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Изрази благодарност до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт и очекува соработката да продолжи и во периодот што следи.

„Верувам дека сите заедно, родители, ученици, наставници и локални власти треба да соработуваат во овој период на прилагодување на новиот начин на учење. Верувам дека и покрај предизвиците и проблемите со кои се соочуваме овие денови, ќе имаме успешна учебна година, дека ќе научиме нови вештини и дека квалитетот на образовниот процес ќе биде на високо ниво“, рече Царовска.

Осврнувајќи се на Националната платформа, министерката рече дека вчерашниот тест на Тимс системот се покажа успешен и учениците ќе почнат да ја следат наставата согласно планот. 

Часовите ќе се одвиваат онлајн онака како што е планирано, додека продолжува оптимизацијата на останатите модули од самата платформа кои сé уште не се активни.

ДЕНЕС СКОРО 200 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-8, Дебар-13, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-29, Струга-2, Велес-6, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-8, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-14, Крива Паланка-2, Радовиш-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-1, Виница-5, Кичево-5. 

Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

Ѓорѓија Сајкоски е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека Ѓорѓија Сајкоски е избран за нов генерален секретар на партијата.

„Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Сајко нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Игор Јанушев претходно се повлече од лични причини. 

ЈАНКУЛОСКА СО ЛИСИЦИ ВО СУДНИЦА

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска од затворот „Идризово“ беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ со лисици на рацете.

Јанкулоска е обвинета за случајот со масовното прислушкјување, а во затворот беше спроведена во понеделникот како осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за незаконска набавка на владиниот мерцедес од 600.000 евра.

На денешното рочиште главно се повикани сведоци од новинарската фела, а покрај Јанкулоска, обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и вработени во поранешната управа. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Компанијата „Трансмет“ на Сеат Кочан веќе не постои. Таа сега е затворена и ликвидирана, а во наредниот период треба да следува впаричување на имотот на оваа фирма, што ќе се прави во согласност со Законот за стечај. 

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони два пати наплатила пенали од странски компании кои не исполниле некои од условите во договорите за државна помош.

Голем дел од наставниците жестоко реагираа по обуките за онлајн предавањата на Националната платформа, тврдејќи дека едукаторите им дале јасно на знаење дека е незаконски да бараат од учениците до 16-годишна возраст да имаат вклучено камера. 

Бебе родено на Клиниката за Гинекологија и акушерство е позитивно на корона вирусот, но во изјава за Фактор, директорката, д-р. Викторија Јовановска вели дека не станува збор за вертикална трансмисија, туку бебето е заразено по контакт со неговата мајка.

Комуникацијата со повисок тон резултирала со барањата за отказ од страна на Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ, Дивна Бојчевска, трите медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека потполно ги разбира, особено поради фактот дека од почетокот на епидемијата со корона кризата во Македонија тие се во првите редови и се целосно иосцрпени.

„Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, ги поднела до Владата своите барања во рамки на договорот за јавно-приватно партнерство. Ова е објавено како една од точките која се разгледувала по вчерашната владина седница.

Многу родители во Македонија воопшто не знаат како нивните деца ќе учат онлајн од 1 октомври, бидејќи или немаат компјутер, или пак воопшто немаат ниту интернет конекција во домот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав