ФАКТОР НА ДЕНОТ: Препорачано е укинување на сите рестриктивни мерки, денес има 89 заразени
Објавено во: Македонија 27 Април, 2022 21:35
КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА УКИНУВАЊЕ НА СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.
Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.
Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.БЕКТЕШИ ВЕЛИ ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ЖИВОТ БЕЗ РУСКИ ГАС
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека прекинот на снабдувањето на Бугарија со руски гас не е поврзано со Македонија и дека имаме континуирана испорака.
- Според денешните состаноци со трговците, со ГА-МА и со АД НЕР, се подмирени сите обврски од наша страна во делот со снабдување со природен гас. Ситуацијата е комплексна и никогаш не се знае каккви одлуки може да се донесат, но ние како држава имаме алтернатива за секоја ситуација, рече министерот.ПРОДОЛЖУВА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА
Ранети се двајца американски доброволци додека гаѓале руски тенкови во Украина.
Белорусија сака да воведе смртна казна за антивоената саботажа на пругите.
Белорусија се обидува да воведе закон со кој со смртна казна би се казнувале „обидите за терористички напади".ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




