06 Декември, 2025
0.0351

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжува вонредната состојба, партиите размислуваат за изборите

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Мај, 2020 20:35

Добивај вести на Viber

ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖУВА УШТЕ 14 ДЕНА

Шефот на државата, Стево Пендаровски по седницата на советот за безбедност изјави дека се продолжува вонредната состојба во траење од 14 дена. 

Вели дека на овој начин Владата со уредби ќе овозможи нормално функционирање. 

„Траењето на вонредната состојба од 14 дена нема ама баш никаква корелација со одржувањето на избори“, рече претседателот. 

Нова вонредна состојба како што објасни е потребна за да се справиме со економските ефекти. 

Бара од Владата да размисли за постепено намалување на рестрикциите во однос на движењето на граѓаните и работата на стопанството. 

СДСМ НЕМА ДА ПРАВИ МИТИНЗИ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија донесе одлука да не организира митинзи пред парламентарните избори, за кои инсистира да се одржат до крајот на јуни. Ова денеска го потврди портпаролот Костадин Костадинов, кој рече дека тоа ќе важи за кампањата поради корона-кризата.

Пратеникот, сепак, вели дека не се исклучува можноста за организирање на непосредни мали средби со граѓани согласно мерките за заштита.

„Во делот на тоа како би ја воделе кампањата, како би ги претставувале нашите кандидати секако и програмата, фокус ќе биде ставен на медиумското претставување преку онлајн видео настани и секако имаме различни видови на дигитална комуникација. Единствено нешто на коешто може да сметаме и да размислуваме во периодов е организирање на мали средби, секако согласно протоколите и максимално почитување на препораките на здравствените власти“, рече тој.

Костадинов уште еднаш повика на одржување избори во најкраток можен рок, односно веднаш по завршувањето на вонредната состојба, за која се очекува денеска да биде продолжена по седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

ДВАЈЦА ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, 17 нови случаи и двајва починати пациенти од Ковид-19.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

ВЕСЕЛ МЕМЕДИ СВЕДОЧЕШЕ ЗА 27 АПРИЛ

Весел Мемеди, поранешниот потпретседател на Собранието, во своето денешно сведоштво пред Кривичниот суд за организацијата на нападите во законодавниот дом на 27 април 2017 рече дека тогашниот спикер Трајко Вељаноски во моментите на огромна тензија предност му дал на Зеќирија Ибрахими пред да ја пее албанската химна од говорницата, иако пред него за збор се јавиле двајца други пратеници.

„Се сеќавам убаво дека Крсто Мукоски се пријави да говори процедурално и ја пееше македонската химна. Веднаш штом почна да ја пее, видов дека Џеват Адеми и Артан Груби, кои седеа пред мене, се пријавија за збор и видов дека пратеникот Зеќирија Ибрахими, десно од мене, се пријави после нив. Откако Мукоски заврши со химната, претседавачот Трајко Вељаноски му даде збор на Ибрахими, иако другите се пријавија први. Се сеќавам и дека Џеват реагираше зошто му дал збор на Ибрахими кога тој се пријавил прв“, сведочеше Мемеди.

Поранешниот пратеник, кој во меѓувреме си поднесе оставка откако неговата партија излезе од актуелната владина коалиција, категорично тврди дека станува збор за однапред смислено сценарио, затоа што, како што вели тој, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Димитар Стевананџија инсистирале да се молчи додека Ибрахими ја пеел химната за таа да може подобро да се слушне помеѓу учесниците на протестите пред да упадне толпата.

АНГЕЛОВСКА ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА БУЏЕТОТ

Со ребалансот на буџетот Владата годинава ќе потроши околу 53,7 милиони евра повеќе од првичното планираното. Министерството за финансии ги скрои новите проекции во кој расходите се зголемуваат за толку пари или за само 1,4 проценти. Вкупните расходи изнесуваат 3,95 милијарди евра. Приходите се позиционирани на 3,2 милијарди евра или за 11,5 проценти пониски од планот. Со ребаланост се намалуваат минимално трошоците за плати ама поради штедење на некои надоместоци. Платите на јавната админстрација остануваат непроменети.

Капиталните инвестиции се 19,5 милијарди или за 4,2 милијарди денари пониски од планот, а се крати на несуштински проекти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нето дивиденда за домашните физички лица акционери во „Макпетрол“ ќе биде 1.800 денари за акција. „Макпетрол“ годинава додели дивиденда што е за 54 отсто поголема од дивидендата што ја додели лани од добивката за 2018 година. 

Поради пандемијата на коронавирусот, во прашање е доведено одржувањето на четири параглајдерски натпревари во Крушево.

И натаму молк во Владата за тоа дали ќе носи уредба со која би се формирал Фонд за медиуми, за што кабелските оператори веќе имаат неофицијални информации.

Вработените во Центрите за јавно здравје како и сите членови на Итна медицинска помош ќе добијат 20 отсто повисока плата како награда за два месеци, дознава Фактор.

Владата планира да го трансформира Македонско село во старт ап село, дознава Фактор. Ова е дел од долгорочната стратегија на Владата за трансформација на вакви објекти во стартап села. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија