ФАКТОР НА ДЕНОТ: Просветните работници не го прифаќаат зголемувањето на платите од 10 отсто, штрајкот продолжува
Објавено во: Македонија 20 Април, 2022 21:28
ШТРАЈКОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ПРОДОЛЖУВА
Oд СОНК денеска на прес - конференција изјави дека заклучоците на Владата не водат кон решение.
Тие не прифатија 10 отсто покачување на платите, а штрајкот продолжува. Велат дека има обиди за спречување на штрајкот, бидејќи властите најавија дека дневници нема да им бидат исплатени на просветните работници додека штрајкуваат.
„Се спори правото на штрајк, се бара причина зошто е организиран и зошто е прекинат образовниот процес. СОНК не чувствува одговорност за прекинот на наставата, одговорот треба да се побара на друго место. Советот на СОНК констатира дека одредени министри ги заплашуваат наставниците. Законско право е исплата на плати при штрајк. Наставниците и воспитувачите да не се плашат“, рече Јаким Неделков, претседател на СОНК.УКРАДЕНО МАСЛО ОД КАНАБИС
Министерството за внатрешни работи потврди дека се случила кражба на шишиња масло од канабис од фабриката „5 летерс“. За тоа утрово реагираше пратеникот Драган Ковачки кој обелоденувајќи за кражбата рече дека ограбениот канабис е во вредност од 2 милиони евра. Полицијата тврди дека станува збор за 108 шишиња. Кражбата се случила во периодот од 18.30 часот завчера до 6:30 часот вчера.
„„На 19.4.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18:30 часот на 18.4.2022 до 6:30 часот на 19.4.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на село Алданци, Крушевско, било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.ВО МАРИУПОЛ СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ
Српскиот новинар Даниел Симиќ се јави од украинскиот град Мариупол и вели дека состојбата таму е многу тешка.
Тој раскажува дека телата на загинатите ги собираат во вреќи. Новинарот се приближил и до фабриката „Азовстал“, каде што постојано се слушале пукотници.
„Постојано се слушаат експлозии. Во Мариупол ситуацијата е тешка, цивилните власти не прават никакви стратешки потези. Сцените се апокалиптични. Видов многу загинати луѓе низ улиците“, открива тој.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Имено, како што појаснуваат, со заминувањето во пензија, одреден надоместок од СОНК, во висина од 3.000-4.000 денари, кој според правилникот на синдикатот треба да го добиваат, тие не го земаат. За ова прашање, Фактор разговараше со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој вели дека тоа не е точно, односно дека овие парични средства не им следуваат на сите членови на СОНК.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




